Вторник, 17 ноември 2015 година
Собраниска делегација на Интерпарламентарен семинар во Брисел
Во организација на Европскиот парламент, а во соработка со Европскиот народен правобранител, на 18 и 19 ноември 2015 година, во Брисел, Белгија, ќе се одржи Интерпарламентарен семинар на тема „Улогата на народниот правобранител во модерната парламентарна демократија: регионална перспектива“.
На семинарот ќе учествува Делегација од Собранието на Република Македонија во состав: г. Владимир Ѓорчев, претседател на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Емил Димитриев, член на Комисијата, г. Ернад Фејзула, член на Комисијата и г-ѓа Рената Дескоска, член на Комисијата.