Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Собра...

Сабота, 23 мај 2015 година, Тирана

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Собранието на Република Црна Гора, г. Ранко Кривокапиќ

На средбата беше разговарано за продлабочување на соработката меѓу двата парламенти, како и за актелните состојби во двете земји и во регионот.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на втората Пленарна сес...

Сабота, 23 мај 2015 година, Тирана

Обраќање на претседателот Вељаноски на втората Пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа

Во име на Собранието на Република Македонија и во мое лично име, би сакал да изразам благодарност до Собранието на Република Албанија и претседателот, г.Илир Мета, за успешниот парламентарен придонес на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, а особено за одличната организиција на оваа Пленарна сесија на Парламентарното собрание.
Прочитај повеќе

Дваесет и четвртта седница на Комисијата за земјоделство, ш...

Среда, 20 мај 2015 година

Дваесет и четврта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 24. седница, како матично работно тело, во скратена постапка го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на отворањето на Парлам...

Среда, 20 мај 2015 година 

Обраќање на претседателот Вељаноски на отворањето на Парламентарниот комитет на ПД на ЦЕИ 

Ми претставува големо задоволство да се обратам пред вас на почетокот на сесијата на Парламентарниот комитет во рамките на Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива, која се вбројува во најстарите регионални организации на Европа. Денеска Централноевропската иницијатива здружува 18 држави, од кои десет се членки на Европската унија.
Прочитај повеќе

ЦЕИ - мост на макрорегионите и различните стратегии ...

Среда, 20 мај 2015 година

ЦЕИ - мост на макрорегионите и различните стратегии 

Денеска во Собранието на Република Македонија се одржува Седница на Парламентарниот комитет на Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ), на тема „Релевантноста на макрорегионалните стратегии на ЕУ како можност за прекугранична соработка меѓу земјите-членки на ЦЕИ: Улогата на Парламентите". 
Прочитај повеќе

Дваесет и трета седница на Комисијата за земјоделство, шума...

Вторник, 19 мај 2015 година

Дваесет и трета седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 23. седница, како матично работно тело, ги разгледа:
Прочитај повеќе

Република Македонија ги има исполнето сите предвидени услов...

Вторник, 19 мај 2015 година

Република Македонија ги има исполнето сите предвидени услови за членство во НАТО

Павле Трајанов, во својство на член на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, од 15 до 18 мај, во Будимпешта, учествуваше во работата на пролетната сесија на ПС на НАТО.

На првиот ден од сесијата, седници одржаа Комитетот за одбрана, Комитетот за економија и безбедност и Комитетот за наука и технологија, а на вториот ден, седници одржаа и Комитетот за цивилна димензија на одбраната и Политичкиот комитет. 

Прочитај повеќе

Учество на претседателот Вељаноски на Пролетната сесија на ...

Понеделник, 18 мај 2015 година, Будимпешта

Учество на претседателот Вељаноски на Пролетната сесија на ПС НАТО

Претседателот Вељаноски се сретна и со домаќинот на Пролетната сесија, претседателот на Парламентот на Унгарија, г. Ласло Ковер. На средбата беше потенцирана досегашната успешна парламентарна соработка и големото пријателство меѓу двете земји.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на Пролетната сесија на...

Понеделник, 18 мај 2015 година, Будимпешта

Обраќање на претседателот Вељаноски на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО

Почитувани дами и господа,
Драги пријатели,
На самиот почеток, дозволете да го искажам моето задоволство од можноста да се обратам на овој значаен собир.
Ваквата констатација е дотолку поважна бидејќи станува збор за настан со кој уште повеќе ќе биде зајакната парламенарната димензија без која нато не би бил ваков каков што е.
Македонија, пак, како парламентарна демократија со јасна европска и евроатланска перспектива му се обраќа на секој пријател афирмирајќи ја својата вистина, своите потреби и очекувања.

Прочитај повеќе

Четврток, 14 мај 2015 година Јавна расправа по Предлог-зако...

Четврток, 14 мај 2015 година

Јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за библиотеките

Во рамките на 13. седница, Комисијата за култура денеска одржа Јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за библиотеките.

На јавната расправа беа поканети претставници од сите установи во Република Македонија од областа на библиотечната дејност кои се директно засегнати со Законот за библиотеките и нивната секојдневна работа подразбира примена на одредбите од овој закон.

Прочитај повеќе
1...282930...58                                                           
Click