Средба на претседателот Вељаноски со амбасадорот Јан Петерс...

Среда, 25  мај 2016 година

Средба на претседателот Вељаноски со амбасадорот Јан Петерсен

Претседателот Вељаноски истакна дека како претседател на Собранието е отворен за соработка со сите институции вклучени во изборниот процес и дека доколку има забелешки во Извештајот на Мисијата ќе бидат добредојдени со цел навремено да се корегираат. 
Прочитај повеќе

Проштална средба на претседателот Вељаноски со амбасадорот ...

Среда, 25 мај 2016 година

Проштална средба на претседателот Вељаноски со амбасадорот на Република Грција, г. Харис Лалакос 

Двајцата соговорници се согласија дека билатералните односи меѓу двете земји се подобрени. Ова особено се истакнува преку справувањето со мигрантската криза која не е само регионален, туку и глобален проблем.

Прочитај повеќе

Македонска црковно-државна делегација на молебен на гробот ...

Вторник, 24 мај 2016 година, Рим

Македонска црковно-државна делегација на молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“

По повод одбележување на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил", која секоја година се одржува во Рим, Италијанска Република, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, ја предводеше Македонската црковно-државна делегација која денеска присуствуваше на молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“. 
Прочитај повеќе

Претседателот Вељаноски ја отвори изложбата „Свети Климент ...

Понеделник, 23 мај 2016 година, Рим

Претседателот Вељаноски ја отвори изложбата „Свети Климент Охридски и неговите претстави во ликовната уметност“

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска во библиотеката на „Понтификалниот Универзитет Урбанијана“ во Рим ја отвори изложбата „Свети Климент Охридски и неговите претстави во ликовната уметност“, во организација на Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, и притоа истакна:

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со амбасадорот Јоханес Ха...

Четврток, 19 мај 2016 година

Средба на претседателот Вељаноски со амбасадорот Јоханес Хајндл

На средбата соговорниците разменија мислења во насока на што поскоро решавање на сите пречки што стојат на патот за излез од политичката криза во земјата.
Прочитај повеќе

МАКЕДОНСКА ЦРКОВНО-ДРЖАВНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА АУДИЕНЦИЈА КАЈ ПАП...

Понеделник, 16 мај 2016 година, Рим

МАКЕДОНСКА ЦРКОВНО-ДРЖАВНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА АУДИЕНЦИЈА КАЈ ПАПАТА ФРАНЦИСК

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски денеска ја предводи Македонската црковно-државна делегација која во рамките на одбележувањето на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил", имаше аудиенција кај папата Франциск. Претседателот Вељаноски изрази благодарност за срдечниот прием и можноста да се разменат мислења и ставови кои ќе придонесат за развивање на традиционално добрите односи меѓу Светата Столица и Република Македонија.

Прочитај повеќе

Претседателот Вељаноски потпиша Решение за распишување пред...

Петок, 15 април 2016 година

Претседателот Вељаноски потпиша Решение за распишување предвремени парламентарни избори

Почитувани сограѓани,

Врз основа на моите уставни и законски надлежности, согласно Одлуката за  распуштање на Собранието на Република Македонија, денес го потпишав Решението за распишување предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 5 јуни 2016 година. Решението за распишување на изборите го доставив до Државната изборна комисија на Република Македонија, како орган за спроведување на изборите, до Министерството за правда и Министерството за надворешни работи. 

Прочитај повеќе

Шеесет и четврта седница на Комисијата за транспорт, врски ...

Вторник, 5 април 2016 година

Шеесет и четврта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 64. седница, како матично работно тело, по скратена постапка, ги разгледа:

Прочитај повеќе

Четириесет и петта седница Комисијата за земјоделство, шума...

Понеделник, 4 април 2016 година

Четириесет и петта седница Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 45. седница, како матично работно тело, во скратена постапка, го разгледа Предлогот на законот за дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија, поднесен од пратениците: Никола Мицевски, Дајанчо Ефтимов, Соња Талевска, Олга Најденовска, Зоран Ѓорѓиевски, Ѓорѓи Коџабашиев, Ѓоко Камчев, Љупчо Димовски и Марјанчо Колевски.

Прочитај повеќе

Педесет и петта седница на Комисијата за економски прашања...

Понеделник, 4 април 2016 година

Педесет и петта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната Педесет и петта седница, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување на Законот за угостителска дејност, поднесен од пратениците: Сашо Василевски, Александар Николоски, Љупчо Димовски, Драган Цуклев и Лилјана Затуроска (по скратена постапка).
Прочитај повеќе
1...8910...58                                                           
Click