Николоски во ПССЕ- Македонија ја штити надворешната граница...

Вторник, 21 јуни 2016 година, Стразбур

Николоски во ПССЕ- Македонија ја штити надворешната граница на Европа иако не е членка на ЕУ

„Драги пријатели,

Европа се соочува со еден од најголемите хуманитарни предизвици по Втората светска војна. Многу луѓе бегаат од војната и главно се од Сирија. Тоа е причината зошто нам ни треба заеднички европски пристап. Пристап кој ќе им даде хуман третман на овие луѓе со лоша судбина.

Прочитај повеќе

Интерпарламентарна конференција на тема Миграцијата и полит...

Вторник, 21 јуни 2016 година, Брисел

Интерпарламентарна конференција на тема Миграцијата и политиката за азил на ЕУ

Во рамките на Програмата за поддршка на парламентите од земјите на Западен Балкан и Турција, во организација на Европскиот парламент, Комитетот за надворешни работи и Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на 20 и 21 јуни 2016 година во Брисел, Кралство Белгија, се одржува Интерпарламентарна конференција на тема „Миграцијата и политиката за азил на ЕУ: Импликации за парламентите од земјите на проширувањето". 

Прочитај повеќе

Билатерални средби на претседателот Вељаноски за време на Т...

Сабота, 11 јуни 2016 година, Софија

Билатерални средби на претседателот Вељаноски за време на Третата пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ

Во рамките на третата Пленарна сесија на Парламентарното собрание на ПСЈИЕ, претседателот на Собранието на Република Македонија оствари билатерални средби со претседателот на косовскиот парламент, г. Кадри Весели и со претседателот на Националното собрание на Словенија, г. Милан Брглеж.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на Третата пленарна сес...

Сабота, 11 јуни 2016 година, Софија

Обраќање на претседателот Вељаноски на Третата пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ 

Во име на Собранието на Република Македонија и во мое лично име, би сакал да изразам благодарност до Националното собрание на Република Бугарија и претседателот г-ѓа Цецка Цачева, за успешното претседавање со Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, како и за одличната организиција на оваа Пленарна сесија.
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Нацио...

Петок, 10 јуни 2016 година, Софија

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Националното собрание на Република Бугарија, г-ѓа Цецка Цачев

Во рамките на третата Пленарна сесија на Парламентарното собрание на ПСЈИЕ, претседателот на Собранието на Република Македонија оствари билатерална средба со претседателот на Националното собрание на Република Бугарија, г-ѓа Цецка Цачева.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со новоименуваниот амбаса...

Вторник, 7 јуни 2016 година

Средба на претседателот Вељаноски со новоименуваниот амбасадор на Швајцарска Конфедерација во Република Македонија, Н.Е. Сибил Зутер Техада

Претседателот Вељаноски ѝ посака добредојде и успешна работа на г-ѓа Зутер Техада за време на нејзиниот мандат во Република Македонија.

Прочитај повеќе

Шеесет и шеста седница на Комисијата за транспорт, врски и ...

Вторник, 31 мај 2016 година

Шеесет и шеста седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 66. седница, како матично работно тело, по скратена постапка, го разгледа Предлогот на законот за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Учество на Меѓупарламентарна конференција...

Вторник, 31 мај 2016 година, Брисел

Eвропските политички семејства имаат позитивна улога во процесот на пристапување во ЕУ 

На 30 и 31 мај во Брисел се одржува Меѓупарламентарна конференција за интеракцијата меѓу политичките групи, партиите и Владата во процесот на пристапување кон Европската Унија, на која учествуваат пратеници од Европскиот парламент и пратеници од земјите аспиранти за ЕУ. Собранието на Република Македонија на овој настан го претставуваат пратениците: Сашо Василевски, Лидија Димова, Талат Џафери и Имер Алиу. 

Прочитај повеќе

Педесет и шеста седница на Комисијата за економски прашања...

Понеделник, 30 мај 2016 година

Педесет и шеста седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на  Педесет и шестата седница, одржана на 25 мај 2016 година, како матично работно тело го разгледа Годишниот извештај за работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата во 2015 година.

Прочитај повеќе

Шеесет и петта седница на Комисијата за транспорт, врски и ...

Петок, 27 мај 2016 година

Шеесет и петта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Македонија, на денешната 65. седница, како матично работно тело, го разгледа Годишниот извештај за работата на Македонската радио телевизија за 2015 година.

Прочитај повеќе
1...789...58                                                           
Click