Собраниско раководство

Вторник, 24 декември 2019

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ ПОДАРИ НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, и оваа година продолжи со веќе воспоставената традиција на подарување новогодишни пакетчиња во форма на непрехранбени, односно со едукативен материјал и прехранбени пакетчиња за учениците во Посебното основно училиште „Иднина“, во Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремац“ и на болните деца на Универзитетската клиника за детски болести, Оддел Онкологија.

Дружењето со децата од „Иднина“ и „Д-р Златан Сремац“, кои се прекрасни во својата посебност, неизбежно измамува насмевка на сечие лице, додека да се биде помеѓу децата чиишто кревки тела се справуваат со тешки предизвици, потсетува колку се во суштина големи и храбри нивните срца, а подадената рака, топлата прегратка и влевањето надеж треба да биде начин на живот за сите нас.

„Драги деца, ви посакувам добро здравје, многу среќни насмевки и остварување на вашите желби и сништа, Среќна Нова година!“

Click