Обраќање на претседателот Џафери на 8. Конференција на прет...

Петок, 27 октомври 2017 година, Будимпешта

Обраќање на претседателот Џафери на 8. Конференција на претседатели на Парламенти од земјите на Западен Балкан, на тема: „ЕУ интеграции: резултати и аспирации“

Ова е Осма конференција на претседатели на Парламенти од нашиот регион, Западен Балкан, во организација на Унгарското национално собрание и овие наши средби веќе стануваат традиција за која сум убеден дека ќе продолжи. Сакам да ја искористам оваа пригода и да се заблагодарам на нашиот домаќин, уважениот колега Ласло Ковер, а преку него и на Унгарскиот парламент, за покажаниот континуитет во нивната меѓународна активност, односно парламентарната дипломатија за државите од Западен Балкан. 
Прочитај повеќе

Промовирање на културен плурализам и мир преку интеррелигис...

Среда, 18 октомври 2017 година, Санкт Петербург

Промовирање на културен плурализам и мир преку интеррелигиски и интеретнички дијалог

Нашата планета земја опстојува и е убава пред сè, заради природниот биодиверзитет. Јас лично верувам дека исто толку важен за опстанокот на планетата земја е, етничкиот, културниот, јазичниот и религиозниот диверзитет, односно различности кои ја создаваат и ја движат човековата цивилизација. 
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на отворањето на „Балканск...

Петок, 6 октомври 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери на отворањето на „Балканската конференција по повод 500-годишнината од протестантската реформација, 1517-2017“

Добродојдовте во законодавниот дом на Република Македонија, во домот на сите граѓани. Уште на почетокот на мојот мандат, јасно ја изразив мојата намера да овој храм на демократијата го отворам за сите иницијативи, потреби и позитивни чекори во градење на едно подобро, поздраво и подемократско општество, во кое сите граѓани ќе бидат еднакви и рамноправни во своите права и обврски. Оваа Конференција со која се одбележува 500-годишнината од протестантската реформација е доказ токму на таа моја интенција.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери пред студентите во Универз...

Среда, 4 октомври 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери пред студентите во Универзитетот на ФОН

Пред 26 години, првиот парламентарен состав, токму преку Собранието ја реализираше одлуката на граѓаните кои на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава. Еден од првите приоритети, кој беше тогаш дефиниран и усвоен во парламентот, беше целосната интеграција на Република Македонија во eвроатлантските структури, односно полноправно членство во НАТО и Европската Унија.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Дебатата за „Политичкот...

Четврток, 28 септември 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери на Дебатата за „Политичкото учество на лицата со попреченост“

На шести септември, овде, во Собранието на Република Македонија, беше формирана Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост. Тоа е група која не е класично парламентарно тело, како што се на пример комисиите, туку пред сè, е парламентарна лоби група која и по името јасно индицира дека ја надминува партиската припадност на членовите, но и онаа класична политичка поделеност која ја има во секој парламент, а тоа е парламентарно мнозинство, односно власт и опозиција. И, тоа што мене како претседател на Собранието ме радува, е фактот што моите колеги пратеници, членови на оваа Интерпартиска лоби група,  заедно со нашите пријатели од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и невладината организација Полио Плус, за дваесетина дена ја организираат оваа дебата.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Конференција во Пришти...

Сабота, 23 септември 2017 година, Приштина

Обраќање на претседателот Џафери на  Конференција  на тема: „Култура и мир на Балканот - Улогата на пратениците"

Мирот е една од најголемите вредности на човековата цивилизација. Тоа е неделива и универзална вредност која во исто време, поради однесувањето на луѓето е и многу фрагилна. Ние кои живееме на Балканот, таа фрагилност ја почувствувавме во поновата историја, поточно од распадот на некогашна Југославија, а цената беше висока со илјадници изгубени животи, разрушени домови, уништени ресурси. Сепак, мислам дека со помош на меѓународната заедница сфативме дека сè, па дури и најтешките прашања и разлики на крајот се решаваат со дијалог. Значи, за секој конфликт решението треба да се бара исклучиво преку дијалог.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери по повод Меѓунарoдниот ден...

Петок, 15 септември 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери по повод Меѓунарoдниот ден на демократијата

Размислувања за демократијата како форма на владеење и форма на државно уредување среќаваме уште во античките времиња, кај познатите мислители Аристотел, Сократ и Платон. Во суштина, од античките времиња па до денес, демократијата и сè тоа што се подразбира под овој поим, било предмет на теоретски расправи на политички дефиниции. 
Прочитај повеќе

Изјава за медиуми на претседателот Џафери по повод потпишув...

Петок, 15 септември 2017 година

Изјава за медиуми на претседателот Џафери по повод потпишување на Меморандум за соработка

Ми претставува особено задоволство да ве информирам дека денеска Собранието на Република Македонија го потпиша Меморандумот за разбирање со Вестминстер Фондацијата за демократија и Министерството за надворешни работи и Комонвелт на Британија, со што ја обновуваме и продолжуваме соработката со Обединетото Кралство и Вестминстер Фондацијата за демократија.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери по повод 8 Септември...

Четврток, 7 септември 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери по повод 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија

Во предвечерието на одбележувањето на Денот на државноста, 8-ми септември, на самиот почеток сакам да ја изразам мојата благодарност, а верувам дека таа благодарност ја споделува и целокупната јавност во Република Македонија, до пратениците од првиот парламентарен состав на Собранието на Република Македонија. 
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Македо...

Среда, 6 септември 2017 година

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Талат Џафери, на конститутивна седница на Интерпартиска парламентарната група за правата на лицата со хендикеп

Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со хендикеп не е класично собраниско тело како што се на пример собраниските комисии, парламентарните совети и други, туку претставува парламентарна лоби група чија што цел е да работи на подобрувањето на условите за нашите сограѓани кои се со хендикеп за да можат и реално да се чувствуваат еднакви со другите граѓани. 
Прочитај повеќе
1...10111213              
Click