Обраќање на претседателот Џафери на Меѓупарламентарната кон...

Понеделник, 26 февруари 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери на Меѓупарламентарната конференција на тема „Моќта на касата: Буџетски овластувања и процедури на Европскиот парламент“

Ми претставува особена задоволство што денес во својство на претседател на Собранието на Република Македонија имам можност да го поздравам овој почитуван пленум и да ви посакам добредојде во нашиот законодавен дом. 
Прочитај повеќе

Изјава за медиуми по повод потпишувањето на Меморандумот за...

Вторник, 20 февруари 2018 година

Изјава за медиуми по повод потпишувањето на Меморандумот за разбирање 

Ми претставува особено задоволство да ја информирам јавноста за потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу Швајцарија, претставувана од Амбасадата на Швајцарија и Швајцарската агенција за развој и соработка и Република Македонија.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Свечената академија по ...

Среда, 17 јануари 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери на Свечената академија по повод одбележувањето на 550-годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриоти-Скендербег

„Јас сум пријател на доблеста, а не на судбината“, ова е мисла од писмото на Ѓерѓ Кастриоти Скендербег (Gjergj Kastrioti Skënderbeu) упатено до неаполскиот крал Фердинард. Ја цитирам оваа мисла на големиот Скендербег, бидејќи во суштина го изразува токму неговиот карактер и неговиот вредносен систем кој провејува низ целиот негов живот. 
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Завршната конференција ...

Среда, 13 декември 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери на Завршната конференција на Евроатлантскиот совет на Македонија по повод Проектот „Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократските процеси во светлината на евроатлантските интеграции“

Дозволете на самиот почеток да ви го честитам јубилејот,  дваесет години од формирањето на Евроатлантскиот совет на Македонија. Период во кој вие како невладина организација се етаблиравте како многу значаен општествен субјект во остварувањето на нашата стратешка определба, а тоа е целосна интеграција во НАТО и Европската Унија.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на јавната расправа „70 го...

Понеделник, 11 декември 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери на јавната расправа „70 години Универзална декларација на правата на човекот: осврт“

Денеска сме тука за да го одбележиме 10 декември, ден кога во далечната 1948 година Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои оваа Декларација. Декларација која со својата широчина на вредности, според мене, е врвна цивилизациска придобивка во историјата на човештвото.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на меѓународниот настан „1...

Петок, 24 ноември 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери на меѓународниот настан „16 дена активизам против родово насилство“

„Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права. Тие се обдарени со разум и совест и треба да се однесуваат еден кон друг во духот на братството“.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери по повод откривањето на сп...

Четврток, 23 ноември 2017 година, Пореч, Хрватска

Обраќање на претседателот Џафери по повод откривањето на споменикот на Мајка Тереза 

Навистина ми претставува огромно задоволство што денеска присуствувам на свеченото откривање на споменикот на светицата Мајка Тереза, овде во Пореч.

За нас Албанците, без разлика каде живееме и на која вера ѝ припаѓаме, а верувам и за секој хуман човек, блажената светица Мајка Тереза е симбол на безгранична хуманост, на љубов и грижа токму кон оние луѓе кон кои животот бил немилосрден.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на работната средба на ИПП...

Петок, 17 ноември 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери на работната средба на ИППГ на тема „Семејство за секое дете“

Кога ја читав програмата за денешната средба, а посебно темата „Семејство за секое дете“, се сетив на романот на Чарлс Дикенс, „Оливер Твист“, кој својот расказ го започнува со опишување на условите за живеење на децата без родители во едно сиропиталиште и со нивната најгруба злоупотреба. Верувам дека многу од вас го читале романот или пак гледале некоја од повеќето филмски верзии снимени според овој роман.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Регионалната конференци...

Среда, 15 ноември 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери на Регионалната конференција на Мрежата на парламентарни комисии за економија, финансии и евроинтеграции на Западен Балкан

По правило, ноември и декември во сите држави се месеци кога во парламентите се водат на моменти и жестоки расправи околу буџетот за следната година. Затоа, мислам дека ова е вистинскиот тајминг за  денешната конференција на која тема на расправа е „Парламентите од Западен Балкан и Буџетскиот надзор“. Би сакал на самиот почеток да изразам задоволство што Мрежата на парламентарните комисии за економија, финансии и евроинтеграции на Западен Балкан, поддржана од Вестминстер фондацијата за демократија и  Светската банка, ја организираат оваа конференција од која верувам дека сите ние ќе понесеме позитивни сознанија и искуства.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на отворањето на Научната ...

Понеделник, 27 октомври 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери на отворањето на Научната конференција за аерозагадување

„Мисли глобално, делувај локално“ е мотото во делувањето на повеќето зелени невладини организации и зелените политички партии. Сметам дека овој начин на размислување, ако сакате и филозофија на живеење, треба да е основата на еколошката свест, а со тоа и на грижата за животната средина на секој човек на планетата Земја. Лично, ценам дека како што мирот е неделива категорија, така и заштитата на човековата средина, односно грижата за нашата планета е неделива категорија.
Прочитај повеќе
1...91011...13              
Click