Соопштенија

Вторник, 24 декември 2019 година            

Иницијатива за промена на изборниот модел

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во соработка со  Иницијативата за една изборна единица ќе одржи отворена дебата по Предлог законот за изменување на Изборниот законик и Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик кои се однесуваат на воведување една изборна единица за парламентарни избори, отворени листи за локални избори и еднаква родова застапеост на листите за пратеници и советници.

Дебатата ќе се одржи на 25 декември 2019 година, со почеток од 14.00 часот, во Сала „Борис Трајковски“ во зградата на Собранието на Република Северна Македонија.

Настанот е отворен за медиумите, како и за сите заинтересирани за учество на истиот. 

Ве молиме Вашето присуство да го пријавите на k-polsis@sobranie.mk.

Click