Соопштенија

Понеделник, 25 ноември 2019 година

Јавна расправа на тема: Говорот на омраза насочен кон жените во политиката

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Северна Македонија на 27 ноември 2019 година, со почеток во 12.00 часот, во Сала на Уставна Комисија, ќе одржи Јавна расправа на тема: Говорот на омраза насочен кон жените во политиката, во соработка со Клубот на пратенички. 

Покрај членовите и замениците членови на Комисијата на јавната расправа поканети се сите пратеници на Собранието на Република Северна Македонија, претставници на Министeрството за труд и социјална политика, Интер – ресорска консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите, координаторките за еднакви можности на министерствата, локалните комисии за еднакви можности, претставници на Народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација, Институтот за родови студии, потоа претставници на меѓународните организации, УНДП, Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (Un Women), ОБСЕ, НДИ, ИРИ, претставници на НВО секторот од оваа област, медиумите, експерти, претставници на дипломатските кор во земјава, како и претставници на Делегација на Европската Унија во Република Северна Македонија и на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

Програма:

11:00 - 11:20 - Поздравни обраќања

  • Даниела Рангелова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
  • Ѓулумсер Касапи, претседателка на Клубот на пратенички

11:20 - 12:30 -  Говорници на темата

  • Мила Царовска, министерка  за труд и социјална политика 
  • Сибил Сутер Техада, амбасадорка, Швајцарска амбасада
  • Рејчел Галовеј, амбасадорка, Британска амбасада
  • Сандра Пепера, директорка на род, жени и демократија НДИ
  • Росана Дуџак, постојана претставничка на ОН
  • Весна Ивановиќ, раководителка на UN Women, Скопје

12.30 - 13.30  Дискусија и заклучоци 

Пријава на присуство на: kem@sobranie.mk

Click