Соопштенија

Понеделник, 13 јануари 2020

Јавна расправа за Предлог-планот на активности за унапредување на родовата сензитивност на Собранието

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, во соработка со Клубот на пратенички и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на 15 јануари 2020 година (среда), во 10:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“ ќе одржи Јавна расправа на тема: Предлог-план на активности за унапредување на родовата сензитивност на Собранието на Република Северна Македонија 2020 - 2021.

ПРОГРАМА:

  • 10:00 – 10:20 часот – Поздравни обраќања:

- Даниела Рангелова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите;
- Ѓулумсер Касапи, претседателка на Клубот на пратенички;
- Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје;
- Цветанка Иванова, генерална секретарка на Собранието

  • 10:20 – 10:40 часот – Презентација на Предлог-планот на активности за унапредување на родовата сензитивност на Собранието на Република Северна Македонија 2020 – 2021

  • 10:40 – 11:30 часот – Дискусија и усвојување
Click