Понеделник, 4 мај 2020 година
ПОЛАГАЊЕ ЦВЕЌЕ НА ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
По повод 117-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Фросина Ташевска-Ременски, на 4 мај (понеделник) во 10.00 часот во црквата „Свети Спас“, на гробот на Гоце Делчев, ќе положи венец свежо цвеќе.