Соопштенија

Вторник, 10 декември 2019 година

Работна посета на собраниска делегација во Молдавија за енергетска ефикасност

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Агим Шаќири, заменик-претседател и Зоран Илиоски, заменик-член на Комисијата за економски прашања, ќе учествуваат на состаноци посветени на енергетската ефикасност, во организација на Енергетската заедница и на Парламентарниот форум за Југоисточна Европа за енергетска ефикасност и клима, како и на Германското здружение за соработка, кои ќе се одржат во Кишињев, Република Молдавија, на 11 и 12 декември 2019 година.

Покрај претставниците од Собранието на Република Северна Македонија, на состаноците ќе учествуваат и претставници од парламентите на земјите членки на Енергетската заедница, членови на Европскиот парламент, претставници од Енергетската заедница, експерти и претставници од невладини организации.

На состаноците ќе се разгледуваат повеќе прашања во насока на зголемување на енергетската ефикасност во договорните страни на Енергетската заедница, како и усвојување на заеднички извештај за иднината на енергетската ефикасност, идните активности на Парламентарниот пленум на Енергетската заедница, подобрување на урбаната мобилност во земјите од Југоисточна Европа.

Click