Соопштенија

Понеделник, 7 октомври 2019 година

Регионална парламентарна Конференција „Јакнење на регионалната соработка и надзор на човековите права и родовата легислатива во Западен Балкан“

Пратениците Трајчо Димков, Мирсада Емини –Асани, Павлинче Честојнова и Мери Лазарова  како членови на Постојаната  анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот и Комисијата за еднакви можности на жените ќе учествуваат на годишната регионална парламентарна конференција „Јакнење на регионалната соработка и надзор на човековите права и родовата легислатива во Западен Балкан“, која ќе се одржи на 7 и 8 октомври 2019 година, во Подгорица, Црна Гора.

Организатор на средбата е Вестминстер фондацијата за демократија од Лондон, Обединетото Кралство и ХУГЕН (Мрежата на комисии за човекови права и родова еднаквост на Западен Балкан).

Целта на оваа конфренција е преку имплементација на регионалниот проект да се основа Мрежата на комисии за човекови права и родова еднаквост на Западен Балкан, која ќе ја зајакне параламентарната соработка во регионот и ќе придонесе во процесите на јакнење на надзорната улога и капацитете на парламентите.

На работилницата покрај пратениците и пратеничките од Собранието на Република Северна Македонија ќе земат учество пратеници и пратенички од комисиите за човекови права и родова еднаквост од земјите од Западен Балкан, како и експерти од овие области, кои вршат надзор и контрола на законодавството од Обединетото Кралство и регионот на Западен Балкан.

Click