Соопштенија

Четврток, 16 јануари 2020

Собраниска делегација на конференција на КОСАП во Тирана

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, во состав Шпреса Хадри и Славица Шуманска-Митева, членки на Комисијата за европски прашања, денес и утре ќе учествува на Конференција на парламентарните комисии за европски интеграции/прашања на државите опфатени во Процесот за стабилизација и асоцијација.

На оваа  Конференција се очекука да се обрати претседателот на Собранието на Република Албанија, Грамоз Ручи, Рудина Хајдари, претседателка на Комисијата за европски интеграции; Мајлинда Брегу, генерална секретарка на Советот за регионална соработка; Луиџи Сорека, амбасадор на ЕУ во Албанција и Таулант Бала, копретседател на Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација ЕУ - Албанија.

Темите на дебатата ќе се фокусираат на улогата и надлежноста на Парламентот во Берлинскиот процес со акцент на мобилноста на младите и признавањето на дипломите, како и поврзувањето и транспортот.