Соопштенија

Вторник, 12 ноември 2019 година

Собраниска делегација на семинар за социјални медиуми во Европскиот парламент

Во рамките на Програмата за поддршка на Парламентите од земјите на Западен Балкан и Турција, во организација на Европскиот парламент, на 13 и 14 ноември 2019 година, во Брисел, Кралството Белгија, ќе се реализира семинар за социјални медиуми за пратенички од Собранието на Република Северна Македонија.

Во состав на собраниската делегација ќе бидат пратеничките: Шпреса Хадри, Владанка Авировиќ, Славица Шуманска-Митева и Слаѓана Митовска.

Учесничките на семинарот ќе остварат билатерални средби со претседатели и членови на различни комисиии, претседатели на делегации на Европскиот парламент, пратеници од Република Србија, Република Црна Гора, европратеници, претставници од Европската комисија, претставници од Советот на Европската Унија и други.

Целта на семинарот е да се споделат искуствата на Република Северна Македонија, Република Србија и Република Црна Гора во доменот на социјалните медиуми.

Click