Соопштенија

Петок, 29 ноември 2019 година

Собраниска делегација на Тркалезна маса во Брисел

На 3 декември 2019 година, Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав: Сашо Василевски, Бетиане Китев, Реџаиљ Исмаили и Драган Данев, ќе учествуваат на „Тркалезна маса на високо ниво за процесот на евроинтеграции на Западен Балкан“ во Европскиот парламент во Брисел, Кралството Белгија. 

На Конференцијата, пратениците ќе разменат искуства со своите колеги од Регионот, ќе се сретнат со новоизбраните колегите од Европскиот парламент, ќе имаат средби со известителите од Комисијата за надворешни прашања, како и релевантни шефови на делегации. За време на посетата на Брисел, Делегацијата на Собранието ќе оствари средба и со шефицата на Мисијата на Република Северна Македонија при ЕУ во Брисел, амбасадорката Агнеза Руси.

Click