Соопштенија

Петок, 19 јули 2019 година

Учество на пратеничката Шпреса Хадри на Конференција на претседателите на Комисиите за европски прашања на државите членки на ЕУ - КОСАK

Во рамките на Финското претседателство со Европската Унија, членот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Шпреса Хадри, од 21 јули до 23 јули 2019 година ќе учествува на  Конференција на претседателите на парламентарните комисии за европски прашања на земјите членки на ЕУ - КОСАК, што ќе се одржи во Хелсинки, Финска.

На Конференцијата, министерот за европски прашања на Финска, Тути Тапорајнен, ќе говори за приоритетите на финското претседавање со Европската Унија, а свое обраќање во врска со буџетот за европските политики ќе има и Алаин Ламасо, поранешен европратеник и поранешен француски министер.

Click