Средба на претседателот Џафери со амбасадорoт на Република ...

Вторник, 3 октомври 2017 година

Средба на претседателот Џафери со амбасадорoт на Република Куба, Н.Е. Педро Пабло Сан Хорхе Родригез 

На денешната средба со амбасадорот на Република Куба, Н.Е. Педро Пабло Сан Хорхе Родригез, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, ги потенцираше пријателските односи меѓу двете земји и потребата истите во иднина да зајакнуваат и да продлабочуваат. 

Прочитај повеќе

Интерпарламентарна конференција на тема: „Независна и совре...

Петок, 29 септември 2017 година

Интерпарламентарна конференција на тема: „Независна и современа јавна администрација“

Делегација на Собранието на Република Македонија составена од пратениците: г. Хари Локвенец, г. Петар Атанасов и г-ѓа Невенка Стаменковска, вчера и денеска учествува на Интерпарламентарна конференција на тема: „Независна и современа јавна администрација”, во организација на Парламентот на Црна Гора и на Европскиот парламент, што се одржува во Даниловград, Црна Гора.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со проф. д-р Ахмет Давутоглу...

Петок, 29 септември 2017 година

Средба на претседателот Џафери со проф. д-р Ахмет Давутоглу

Претседателот на Собранието на Република Македонија г. Талат Џафери денес оствари средба со поранешниот претседател на 62, 63 и 64-та Влада на Република Турција и пратеник од Конја, проф. д-р Ахмет Давутоглу. 

Прочитај повеќе

Правото на еднаков третман и политичко учество е камен-теме...

Четврток, 28 септември 2017 година

Правото на еднаков третман и политичко учество е камен-темелник на демократијата

Денеска, во Собранието на Република Македонија се одржа дебата за политичкото учество на лицата со попреченост, во организација на Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со посебни способности (ИППГ), во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Движењето против хендикеп – Полио Плус. 

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Дебатата за „Политичкот...

Четврток, 28 септември 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери на Дебатата за „Политичкото учество на лицата со попреченост“

На шести септември, овде, во Собранието на Република Македонија, беше формирана Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост. Тоа е група која не е класично парламентарно тело, како што се на пример комисиите, туку пред сè, е парламентарна лоби група која и по името јасно индицира дека ја надминува партиската припадност на членовите, но и онаа класична политичка поделеност која ја има во секој парламент, а тоа е парламентарно мнозинство, односно власт и опозиција. И, тоа што мене како претседател на Собранието ме радува, е фактот што моите колеги пратеници, членови на оваа Интерпартиска лоби група,  заедно со нашите пријатели од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и невладината организација Полио Плус, за дваесетина дена ја организираат оваа дебата.
Прочитај повеќе

Градиме мостови на разбирање...

Вторник, 26 септември 2017 година

Градиме мостови на разбирање

Во организација на UN Women и Македонско женско лоби (МЖЛ), во Струга на 21 и 22 септември се одржа Работилница под мотото „Градиме мостови за разбирање“, на која учествуваа членки на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Конференција во Пришти...

Сабота, 23 септември 2017 година, Приштина

Обраќање на претседателот Џафери на  Конференција  на тема: „Култура и мир на Балканот - Улогата на пратениците"

Мирот е една од најголемите вредности на човековата цивилизација. Тоа е неделива и универзална вредност која во исто време, поради однесувањето на луѓето е и многу фрагилна. Ние кои живееме на Балканот, таа фрагилност ја почувствувавме во поновата историја, поточно од распадот на некогашна Југославија, а цената беше висока со илјадници изгубени животи, разрушени домови, уништени ресурси. Сепак, мислам дека со помош на меѓународната заедница сфативме дека сè, па дури и најтешките прашања и разлики на крајот се решаваат со дијалог. Значи, за секој конфликт решението треба да се бара исклучиво преку дијалог.
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со шефот на Мисијата на ОДИХ...

Петок, 22 септември 2017 година

Средба на претседателот Џафери со шефот на Мисијата на ОДИХР во Македонија, г-ѓа Одри Гловер

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Талат Џафери, денеска оствари средба со Делегација на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори, предводена од г. Одри Гловер, шеф на мисијата на ОДИХР во Македонија.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Делегацијата на Комисијат...

Четврток, 21 септември 2017 година

Средба на претседателот Џафери со Делегацијата на Комисијата за меѓународни односи на Домот на лордовите во Парламентот на Обединетото Кралство

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Талат Џафери, денеска, во организација на Амбасадата на Обединетото Кралство во Република Македонија, оствари средба со делегација на Комисијата за меѓународни односи на Домот на лордовите во Парламентот на Обединетото Кралство, Лордот Брус Грокот и Баронесата Џин Кусинс.

Прочитај повеќе

Средба на Комисијата за политички систем и односи меѓу заед...

Четврток, 21 септември 2017 година

Средба на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија, оствари средба со Делегација на претставници на Комитетот за меѓународни односи на Горниот дом на Британскиот парламент, во состав: бароница Жан Елизабет Косинс и лорд Брус Џосеф Гроскот.

Прочитај повеќе
1...105106107...117                                                                                                                      
Click