Одбележан 23 септември – Меѓународниот ден на знаковните ја...

Понеделник, 23 септември 2019 година

Одбележан 23 септември – Меѓународниот ден на знаковниот јазик

По повод одбележување на 23 септември – Меѓународниот ден на знаковниот јазик, Парламентарниот институт на Собранието на Република Северна Македонија, во соработка со Националниот сојуз за глуви и наглуви лица, организираше тркалезна маса на која се разговараше за можностите за соработка помеѓу Собранието и Националниот сојуз.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Парламен...

Понеделник, 23 септември 2019 година

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ Церетели

Во рамките на Четвртиот состанок на претседателите на парламентите на земјите од Евроазија на тема: „Голема Евроазија: Дијалог. Доверба. Партнерство“, што се одржува на 23 и 24 септември 2019 година во Нур-Султан, Република Казахстан, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, оствари средба со претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ Георге Церетели. На средбата присуствуваа, Енес Ибрахим, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија и Паскал Ализар, потпретседател на ПС на ОБСЕ и сенатор од Франција.

Прочитај повеќе

Клубот на пратенички во борба против говорот на омраза...

Понеделник, 23 септември 2019 година

Клубот на пратенички во борба против говорот на омраза

По повод неделата на женски права и родова еднаквост од 22 до 29 септември, Клубот на пратенички на Собранието на Република Северна Македонија, со поддршка на УСАИД И Националниот демократски институт (НДИ), денеска одржаа Регионална Конференција на тема: Регионалната соработка во унапредувањето на родовата еднаквост/рамноправност и борбата против говорот на омраза.

Прочитај повеќе

„Бел документ“ за развој и планирање на одржливата урбана м...

Петок, 20 септември 2019 година

„Бел документ“ за развој и планирање на одржливата урбана мобилност

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Северна Македонија одржи средба со претставници од Парламентите на Република Србија и Република Црна Гора, од Центарот за истражување и креирање политики - ЦРПМ, од ГИЗ - Отворен регионален фонд за енергетска ефикасност и од Факултетот за технички науки – Битола.

Прочитај повеќе

Груби, Мисовски и Кузмановска на обука против корупција во ...

Петок, 20 септември 2019 година, Вашингтон

Груби, Мисовски и Кузмановска на обука против корупција во САД

Делегација од Собранието на Република Северна Македонија во состав на пратениците Горан Мисовски од НСДП, Артан Груби од ДУИ, и  Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ во Вашингтон присуствуваат на настани и обуки за борба против корупција и транспарентно владеење организирана од Меѓународен републикански институт (ИРИ). 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со в.д. амбасадорот на Држав...

Четврток, 19 септември 2019 година

Средба на претседателот Џафери со в.д. амбасадорот на Државата Катар во Република Северна Македонија, Н.Е. Хамад Јасим Ал-Махмод

На денешната средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, со в.д. амбасадорот на Државата Катар, Н.Е. Хамад Јасим Ал-Махмод, беа разменети повеќе информации за досегашната соработка меѓу двете земји, особено на планот на унапредување и интензивирање на билатералната комуникација на сите нивоа, со посебен акцент на економската и трговската соработка.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Европски...

Среда, 18 септември 2019 година

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Европскиот комитет на регионите, г. Карл-Хајнц Ламберц

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, оствари средба со претседателот на Европскиот комитет на регионите, г. Карл-Хајнц Ламберц, кој е во дводневна посета на Република Северна Македонија. Европскиот комитет на регионите е советодавно тело на Европската Унија, составено од локално и регионално избрани претставници кои доаѓаат од сите 28 земји членки и кои даваат мислење за законодавството на ЕУ кое директно влијае на регионите и градовите.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на регионалниот настан Б2Б...

Среда, 18 септември 2019 година

Обраќање на претседателот Џафери на регионалниот настан Б2Б на Стопанската комора на Северо-западна Македонија

Имам чест денес да го поздравам во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонијаim овој настан, прв од овој вид во земјата, Регионалниот форум Б2Б, или БизнисНаБизнис и во исто време да искажам пофалби кон Стопанската комора на Северо-Западна Македонија за неуморната меѓутоа и доста значајна работа што вие ја правите.
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Делегација на претставниц...

Вторник, 17 септември 2019 година

Средба на претседателот Џафери со Делегација на претставници од набљудувачката мисија на ОДИХР

Денеска претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, оствари средба со Делегација на претставници од набљудувачката мисија на ОДИХР со мандат за мониторинг на избори и промоција на изборните процеси, предводена од Кориен Јонкер, шеф на изборната набљудувачка мисија.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со новоименуваниот кинески а...

Вторник, 17 септември 2019 година

Средба на претседателот Џафери со новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, г. Џанг Ѕуо

Честитајќи му од име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија и од свое лично име на новата функција и посакувајќи му успешна дипломатска мисија, претседателот Џафери истакна дека Aмбасадата на НР Кина во континуитет ги поттикнува и значајно придонесува за развојот и унапредувањето на односите меѓу двете држави.
Прочитај повеќе
1...212223...117                                                                                                                      
Click