Средба на претседателот Џафери со г. Атила Местерхази...

Вторник, 11 февруари 2020

Средба на претседателот Џафери со г. Атила Местерхази, претседател на Парламентарното собрание на НАТО

По повод свечената седница на Собранието на Република Северна Македонија на која се донесе Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери оствари средба со г. Атила Местерхази, вршител на должност претседател на ПС на НАТО, кој заедно со г-ѓа Руксандра Попа, генерален секретар на ПС на НАТО, беа официјални гости на оваа седница.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со министерот за надворешни ...

Вторник, 11 февруари 2020

Средба на претседателот Џафери со министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италијанската Република Луиџи ди Мајо

Претседателот Џафери се заблагодари на силната и безусловна италијанската поддршка во сите клучни фази од евроатланските интеграции на нашата земја. Тој информираше за очекувањата и перспективите на Република Северна Македонија во контекст на НАТО и ЕУ, како и активностите на Собранието во пресрет на парламентарните избори. 
Прочитај повеќе

Средба на Поповски со членовите на холандската делегација н...

Понеделник, 10 февруари 2020 година

Средба на Попоски со членовите на холандската делегација на Постојаната комисија за европски прашања, Велдман и Мулдер

Во фокус на расправата, соговорниците споделија искуства и видувања во насока на спроведувањето на реформите, владеење на правото, состојбите во бизнис и медиумската сфера, трендот кај младите-одливот на мозоци, како и имплементирањето на донесените закони.
Прочитај повеќе

НОВАТА МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ПРЕ...

Понеделник, 10 февруари 2020 година

НОВАТА МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ПРЕЗЕНТИРАНА ПРЕД НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

Предлогот на Европската комисија за подобрување на методологијата за проширување на ЕУ, на седницата на Националниот совет за евроинтеграции беше презентиран од страна на г.Џулијан Васало, заменик шеф на Делегацијата на ЕУ. Потребата за ажурирање на начинот на кој се водат преговорите за пристапување постои веќе долго време, особено по октомврискиот самит на ЕУ минатата година кога некои од земјите-членки посочија дека сега е време да се донесе нов пристап. Претставникот на Делегацијата на ЕУ г.Васало нагласи дека новата Европска комисија брзо дејствуваше по предлозите на земјите-членки како и сопствените рефлексии за тоа што може да се направи за процесот да биде подинамичен.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ДЕЈАН ЖИДАН...

Понеделник, 10 февруари 2020

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВНИОТ ЗБОР НА РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА, ДЕЈАН ЖИДАН

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска оствари средба со Делегација од Република Словенија, предводена од претседателот на Државниот збор Дејан Жидан, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа и потпретседателот на Собранието Зеќир Рамчиловиќ и претседателот на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Словенија, г-ѓата Нада Ципушева.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со г. Хаjке Велдман и г. Анe...

Понеделник, 10 февруари 2020

Средба на претседателот Џафери со членовите на Делегацијата на Постојаната комисија за европски прашања на Парламентот на Кралството Холандија, г. Хаjке Велдман и г. Анe Мулдер

Упатувајќи благодарност до Холандија за поддржувањето на политиката на проширување на ЕУ и заложбите Република Северна Македонија да ги започне преговорите за членство, како и за континуираната поддршка за зачленувањето на државата во НАТО, претседателoт Џафери го оцени интензивирањето на директните контакти меѓу пратениците како најдобра можност за изворно запознавање со состојбите и размена на искуства.

Прочитај повеќе

Груби - Валдман: Нова надеж за почеток на преговорите оваа ...

Понеделник, 10 февруари 2020 година

Груби - Валдман: Нова надеж за почеток на преговорите оваа пролет

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Артан Груби, со членовите на Комисијата: Бетиане Китев,  Магдалена Манаскова, Елизабета Канческа-Милевска и Теута Билали, имаа средба со  делегација на Постојаната комисија за европски прашања на Холандскиот парламент, предводена од претседателот на Комисијата, Хајке Велдман, во придружба на членот на Комисијата, Ане Мулдер и амбасадорот на Кралството Холандија во земјава, Н.Е. Дирк Јан Хол.

Прочитај повеќе

Посветеност во градење на вистински силен, независен, транс...

Петок, 7 февруари 2020

Посветеност во градење на вистински силен, независен, транспарентен и функционален храм на демократијата

Во Собранието, денеска се одржa Конференција за транспарентноста на законодавниот дом и предизвиците за новиот парламентарен состав.

Прочитај повеќе

Шеесета седница на Комисијата за транспорт, врски и екологи...

Петок, 7 февруари 2020 година

Шеесета седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Северна Македонија, на денешната 60. Седница, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за урбано зеленило (скратена постапка); поднесен од пратениците Лилјана Поповска и Маја Морачанин.

Прочитај повеќе

Собранието пријател на списанието „Лице в лице“...

Петок, 7 февруари 2020 година

Собранието пријател на списанието „Лице в лице“

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието, денеска на 15. Седница, одржа Јавна расправа на тема:Прогласување на Собранието на Република Северна Македонија за пријател на списанието „Лице в лице“.

Прочитај повеќе
1234...117                                                                                                                      
Click