Активности

Понеделник, 10 февруари 2020 година

Средба на Попоски со членовите на холандската делегација на Постојаната комисија за европски прашања, Велдман и Мулдер

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Никола Попоски, денеска оствари средба со членовите на Делегацијата на Постојаната комисија за европски прашања на Парламентот на Кралството Холандија,  г. Хаjке Велдман и г. Анe Мулдер.

На средбата покрај потпретседателката на Советот, Ивана Туфегџиќ и членот Шпреса Хадри, беа присутни и претставниците на бизнис заедницата, Данела Арсовска и Антони Пешев, како и Младен Чадиковски, од медиумската фела.

Претседателот на Советот, Попоски изрази благодарност од средбата, како и можноста да се разгледаа холандската перспектива во однос на новата методологија за проширување на Европската Унија.

Во фокус на расправата, соговорниците споделија искуства и видувања во насока на спроведувањето на реформите, владеење на правото, состојбите во бизнис и медиумската сфера, трендот кај младите-одливот на мозоци, како и имплементирањето на донесените закони.

За шефот на Делегацијата, Велдман и известителот на Комисијата за Западен Балкан, Мулдер ова е втора посета на земјата, по минатогодишната во мај, со цел директно да се запознаат со напредокот на земјата во реформскиот процес, како тоа луѓето и институциите се справуваат со нив.

Потпретседателката Туфегџиќ, во однос унапредување на човековите права, ги истакна донесувањето на Законите за превенција од дискриминација, и од корупција, со формирањето на Антикорупциската комисија. Исто така алармираше и за проблемот со кој земјава се соочува, одливот на мозоци, иселување на младите.

Шпреса Хадри посочи дека високо ја цени можноста за оваа средба во пресрет на донесувањето на одлуката за распуштање на Собранието, воедно потсети на носењето на законот за употребата на јазиците, со кој формално правно се заокружи Охридскиот рамковен договор.

Арсова истакна дека владење на правото и имплементацијата на законите се високо на агендата на бизнис заедницата, а Пешев повика да се обезбедат предвидливи и фер ситуации во системот.

Чадиковски се осврна на состојбите во медиумскиот простор во земјава, слободата на говорот, борбата за медиумската независност од изборите на моќ било тоа да се политички или бизнис, како и проблемите со напади на медиумските работници.

Известителот, Мулдер, нагласи дека реформите треба да се движат од основата кон горе, а не обратно, така најлесно е и да се пристапи кон Унијата, тоа укажува дека тука има реформи, владеење на правото и се почитуваат човековите права.
 

Click