Средба на претседателот Џафери со г. Денис Звиздиќ, претсед...

Понеделник, 12 март 2018 година

Средба на претседателот Џафери со г. Денис Звиздиќ, претседавач со Советот на министри на БиХ                                          

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денешната средба со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, г. Денис Звиздиќ,  ја оцени како продолжение на добрата и пријателска соработка меѓу двете земји и притоа го поздрави и денешното потпишување на Спогодбите помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина, како предуслов за уште посилна и посестрана соработка во повеќе области.  

Прочитај повеќе

Седница по повод 75 години од депортацијата на Евреите од Р...

Понеделник, 12 март 2018 година

Седница по повод 75 години од депортацијата на Евреите од Република Македонија во логорот на смртта Треблинка

Денеска, Собранието на Република Македонија одржа седница по повод 75 години од депортацијата на Евреите од Република Македонија во логорот на смртта Треблинка. На седницата беа поканети претседателот на Република Македонија, претседателот на Владата на Република Македонија, министрите во Владата на Република Македонија, претставниците на верските заедници и религиозни групи во Република Македонија, дипломатскиот кор, делегација од Босна и Херцеговина, делегација од Државата Израел, делегација од Република Романија, делегација од Република Полска, делегација од САД, како и делегации од еврејски институции и заедници.

Прочитај повеќе

Пратеникот Хасани во Истанбул...

Понеделник, 12 март 2018 година

Пратеникот Хасани во Истанбул

Јусуф Хасани, заменик-член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Процесот на соработка на Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ), учествуваше на Седницата на Генералниот комитет за економија, инфраструктура и енергија на ПС на ПСЈИЕ, што се одржа на 9 и 10 март 2018 година, во Истанбул, Република Турција.

Прочитај повеќе

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ ПО ПОВОД 75 ГОДИНИ ОД ХОЛО...

Недела, 11 март 2018 година

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ ПО ПОВОД 75 ГОДИНИ ОД ХОЛОКАУСТОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ - ДЕПОРТАЦИЈА НА 7.144 МАКЕДОНСКИ ЕВРЕИ ВО ЛОГОРОТ НА СМРТТА ТРЕБЛИНКА 

Еден од најмрачните периоди во минатиот век, а јас би рекол и воопшто во човековата цивилизација, е холокаустот, кога во нацистичките логори на смртта беа на најбрутален начин ликвидирани над шест милиони мажи, жени, деца и старци, и тоа само затоа што беа Евреи. 
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со амбасадори на Република А...

Петок, 9 март 2018 година

Средба на претседателот Џафери со амбасадори на Република Австрија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорите на Република Австрија во Атина, Подгорица, Сараево, Приштина, Белград и Брисел, предводени од д-р Клаус Вулфер, раководител на Одделот Западен Балкан и проширување на ЕУ од Министерство за надворешни работи на Австрија. На средбата присуствуваше и амбасадорката на Република Австрија во Република Македонија, м-р Ренате Коблер. 

Прочитај повеќе

Средба на потпретседателот Мемеди со директорот на НДИ, г. ...

Петок, 9 март 2018 година

Средба на потпретседателот Мемеди со директорот на НДИ, г. Хеншоу

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Весел Мемеди имаше средба со директорот на НДИ во Македонија, г. Крис Хеншоу во Собранието на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Свечен коктел по повод Меѓународниот ден на жената - 8 Март...

Четврток, 8 март 2018 година

Свечен коктел по повод Меѓународниот ден на жената - 8 Март

Денеска, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери и генералната секретарка на Собрание на Република Македонија, г-ѓа Цветанка Иванова, приредија свечен коктел по повод Меѓународниот ден на жената - 8 Март, за пратеничките и службеничките во Собранието на Република Македонија. 

Прочитај повеќе

Клубот на пратенички со заедничка и единствена цел - РОДОВА...

Четврток, 8 март 2018 година

Клубот на пратенички со заедничка и единствена цел - РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ! 

Клубот на пратенички вчера ја одбележа 15-годишнината од своето формирање. Како прв клуб во Регионот, со години е пример за другите парламенти како може жените да се обединат околу за нив битни прашања, надминувајќи ги политичките, етничките и верските граници.  

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на одбележувањето на 15- г...

Среда, 7 март 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери на одбележувањето на 15- годишнината од формирањето на Клубот на пратенички - Зголемување на политичкото учество на жените

На денешен ден пред 15 години, во очи на Меѓународниот ден на жената 8 Март, во рамките на Собранието на Република Македонија се формираше Клубот на пратенички како неформална група, составена од сите пратенички, независно од тоа на која пратеничка група и припаѓаат. А, да не заборавиме дека ние сè уште живееме во таканаречен „машки свет“, а во  општеството на Македонија, за жал, сè уште се присутни многу предрасуди и стереотипи кога станува збор за родовата рамноправност и местото и улогата на жената во општеството. 
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со г. Мирослав Јенча...

Понеделник, 5 март 2018 година

Средба на претседателот Џафери со г. Мирослав Јенча, помошник на генералниот секретар на Обединетите нации 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со г. Мирослав Јенча, помошник на генералниот секретар на Обединетите нации за политички прашања. На средбата присуствуваше и Амбасадорката Луиза Винтон, резидентен координатор на Обединетите нации (ОН) и резидентен претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).  

Прочитај повеќе
1...868788...117                                                                                                                      
Click