Обраќање на претседателот Џафери на 13. Конференција на КОС...

Понеделник, 26 февруари 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери на 13. Конференција на КОСАП

На самиот почеток, како претседател на Собранието на Република Македонија, сакам да гo изразам моето задоволство што денеска сме домаќини на 13. Конференција на Комисиите за европски интеграции на државите опфатени со процесот на стабилизација и асоцијација од Југоисточна Европа – КОСАП, Конференција на која ќе се расправа и за европската перспектива на Западен Балкан. 
Прочитај повеќе

Протоколарна средба на претседателот Џафери со европратениц...

Понеделник, 26 февруари 2018 година

Протоколарна средба на претседателот Џафери со европратениците Вајгл и Кукан

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери денес оствари протоколарна средба со пратениците на Европскиот парламент, г. Иво Вајгл и г. Едуард Кукан, кои се наоѓаат во посета на Република Македонија во рамките на Конференцијата на парламентарните Комисии за европски прашања и интеграции на државите опфатени во процесот за стабилизација и асоцијација од Југоисточна Европа – КОСАП, што се одржува во Собранието на Република Македонија. 

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Меѓупарламентарната кон...

Понеделник, 26 февруари 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери на Меѓупарламентарната конференција на тема „Моќта на касата: Буџетски овластувања и процедури на Европскиот парламент“

Ми претставува особена задоволство што денес во својство на претседател на Собранието на Република Македонија имам можност да го поздравам овој почитуван пленум и да ви посакам добредојде во нашиот законодавен дом. 
Прочитај повеќе

Тринаесетта Конференција на КОСАП...

Понеделник, 26 февруари 2018 година

Тринаесетта Конференција на КОСАП

Претседавачот Груби им посака топло добредојде во Собранието и Комисијата за европски прашања како домаќин на 13. Конференција на парламентарните комисии за европски прашања на земјите опфатени во процесот на стабилизација и асоцијација на Југоисточна Европа. Воедно посочи дека денешниот собир е вистинскиот форум за да се разговара отворено околу некои прашања кои што се актуелни.

Прочитај повеќе

Интерпарламентарна конференција - Моќта на касата...

Понеделник, 26 февруари 2018 година

Интерпарламентарна конференција - Моќта на касата: буџетски овластувања и процедури на Европскиот парламент

Конференцијата е организирана од Групата за поддршка на демократијата и координација на избори (ДЕГ) во соработка со Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) и Буџетскиот комитет (БУДГ), зеедно со пратеници од Парламентите на земјите кандидатки и Европскиот парламент.

Прочитај повеќе

Конститутивна седница на Интерпартиската парламентарна груп...

Петок,  23 февруари 2018 година

Конститутивна седница на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата

Денеска Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата во Собранието на Република Македонија одржа конститутивна седница. Целта на групата е да се застапува за заштита и унапредување на правата на ЛГБТИ лицата во Република Македонија.

За координаторка беше едногласно избрана пратеничката Маја Морачанин од ДОМ, а за заменик-координатор Павле Богоевски, независен пратеник, кои имаа и свои поздравни обраќања.

Прочитај повеќе

Учество на собраниска делегација на Зимската сесија на ПС О...

Петок,  23 февруари 2018 година, Виена

Учество на собраниска делегација на Зимската сесија на ПС ОБСЕ 

Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС на ОБСЕ), ја одржа својата редовна Зимска сесија на 22 и 23 февруари 2018 година во Виена, Австрија, во која учествуваа над 240 парламентарци од 53 земји учеснички и четири земји партнери на ОБСЕ. На оваа сесија од Собранието на Република Македонија учествуваа г.  Владимир Ѓорчев, шеф на Делегацијата, г-ѓа Јагода Шахпаска, член и г. Фадил Зендели, заменик-член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со парламентарните стипендис...

Петок,  23 февруари 2018 година

Средба на претседателот Џафери со парламентарните стипендисти во германскиот Бундестаг

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со избраните парламентарни стипендисти во германскиот Бундестаг за 2018 година Вера Јовческа и Ева Јованова. На средбата присуствуваше и г-ѓа Цветанка Иванова, генерална секретарка на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Катрин Фриинсфелд, аташе за култура и г-ѓа Марија Мицевска Кокаланова, координатор на ИПС програмата во амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Македонија.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со амбасадорката на Канада, ...

Среда, 21 февруари 2018 година

Средба на претседателот Џафери со амбасадорката на Канада, г-ѓа Кетлин Чаба 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска, во неговиот кабинет, ја прими г-ѓа Кетлин Чаба, новоименуваната  амбасадорка на Канада во Република Македонија, со седиште во Белград.

Прочитај повеќе

Средба на Комисијата за финансирање и буџет со Меѓународнио...

Среда,  21 февруари 2018 година

Средба на Комисијата за финансирање и буџет со Меѓународниот монетарен фонд

Претседателот и членовите на Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија одржаа средба со Стивен Симански, претставник на Меѓународниот монетарен фонд.

На средбата беа разменети мислења за фискалните цели, фискалната одговорност и фискалната транспарентност во Република Македонија, како и за заложбите за формирање на Фискален совет.

Прочитај повеќе
1...888990...117                                                                                                                      
Click