Hidden render

Четврток, 7 ноември 2019 година

Средба на пратеничката Кузмановска со црногорската амбасадорка Петровиќ

Во текот на вчерашниот ден во Собранието се одржа средба на претседателката на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Црна Гора и Комисијата за финансирање и буџет, г-ѓа Лилјана Кузмановска и црногорската амбасадорка, г-ѓа Марија Петровиќ.

На средбата беше потенцирана досегашната соработка на двете земји, како и заложбата истата дополнително да се продлабочи. 

Црна Гора како земја членка на НАТО и земја која ги има започнато преговорите со ЕУ дава силна поддршка на евроатлантските интеграции на нашата држава. 

Од двете страни беше потенцирано дека во наредниот период ќе продолжи со позасилена динамика парламентарната соработка на двете земји.

Click