Hidden render

Четврток, 5 декември 2019 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ ЛОКВЕНЕЦ СО СТУДЕНТИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ “АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ”

Пратеникот Хари Локвенец, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија, денеска оствари средба со студенти од факултетите за правни и политички науки при Универзитетот “Американ колеџ Скопје”, кои беа во еднодневна посета на Собранието. 

Тој ги информираше студентите за начинот на работење и функционирање на Собранието и улогата на пратениците и нивниот придонес во извршувањето на своите функции на народни избраници, како и за спроведувањето на законодавната, надзорната и претставничката улога на Собранието. Студентите се интересираа за улогата на Собранието во процесот на пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, назначувањето на нов амбасадор во Мисијата на НАТО во Брисел, дали постои календар на активности за парламентарното работење и за временското ограничување на дискусии за време на седниците на работните тела и на пленарна седница. 

Пратеникот Локвенец, одговарајќи на нивните прашања, заклучи дека пратениците се должни професионално и одговорно да ја извршуваат својата функција и мандатот кој им е доделен од граѓаните и дека пристапувањето во НАТО и ЕУ ќе придонесе за подобрување на стандардите и на квалитетот на живот на граѓаните. 

Click