Собраниско раководство

Вторник, 28 декември 2021 година

ЗАВРШНА ГОДИШНА ИЗЈАВА ЗА МЕДИУМИТЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ


Почитувани граѓани,
Почитувани медиуми, 
Денес ве поканив на давањето на оваа моја завршна годишна изјава која секако преку вас ќе стигне и до нашите почитувани граѓани а и до сите кои се заинтересирани за работењето и степенот на функционалност и исполнителност на законодавниот дом.

За жал, и оваа година бевме принудени да функционираме следејќи ги протоколите за заштита од КОВИД - 19, што се разбира наметна одредени измени во секојдневното работење на законодавниот дом. Покрај тоа, константно имавме отсуства на пратеници поради заболување со вирусот. 

Комисиски и пленарните седници, како што знаете, се одвиваа без Ваше присуство што беше хендикеп и за Вас и за нас, меѓутоа, тоа го налагаа здравствените протоколи, Настојувавме да нема други настани,собири, на кои би имало поголема група луѓе во затворен простор. И понатака продолживме пленарните седници да ги држиме во Големата сала на Собранието, попозната како Купола, што од друга страна наметнуваше малку поедноставен начин на гласање и пребројување на гласовите на пратениците. - Поради протоколите беа прекинати и организираните посети на граѓаните во Собранието, и истите се одвиваа на виртуелен начин. 

- Оваа година имавме и редовни локални избори кои наметнуваат одредени ограничување врз основа на Деловникот за работа на Собранието, за работа во време на изборни активности така што во тој период не одржувавме пленарни и комисиски седници. 

- Покрај тоа, познато ви е дека по изборите и по најавената оставка на претседателот на Владата, настана период на неизвесен политички живот во земјава, кој пак предизвика делумна или техничка функционалност на домашните институции меѓу кои и Собранието се разбира. 

- Сепак, и во ваквите ограничувачки услови, законодавниот дом ја потврди својата ефективност и продуктивност во дадениве услови. Во овој контекст, како што можете да видите и самите од поделениот Преглед, можете да го заклучиме следново резиме, т. е.:

Од вкупно 59 пленарни седници, 39 се завршени.
 Незавршени пленарни седници се вкупно 20.
 Вкупно донесени закони во 2021 година се 209, од кои:- по редовна постапка се донесени 111;- по скратена постапка  се донесени 79.
 По подносител:- 188 се поднесени од Влада на Република Северна Македонија:- 21 се поднесени од пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.

Покрај тоа, донесени се и 21 закон за ратификација на договори помеѓу Република Северна Македонија и други земји. 

Преостанати, незавршени точки кои што треба да се разгледаат на седници на матичните комисии за понатамошно процесирање на пленарна седница по матични тела се следни: 
Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство,  7 точки;
•Комисија за европски прашања –  12 точки;
•Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците – 10 точки;
•Комисија за одбрана и безбедност - 1 точка;
•Комисија за здравство, 2 точки;
•Комисија за финансирање и буџет - 6 точки;
•Комисија за образование, наука и спорт - 5 точки;
•Комисија за економски прашања, 4 точки;
•Комисија за транспорт, врски и екологија, 9 точки.

Од сето претходно спомнато, можам да заклучам дека се трудевме политичкиот дијалог, вкрстувањето на аргументите и битката за менување и подобрување на законските одредби за олеснување на животот на нашите граѓани, да се одвива тука, во рамките на домот на демократијата и тоа можеше да се види преку телевизискиот собраниски канал и со следење на седниците преку стримување. 

Почитувани медиуми,
Не велам дека е ова е максималното што можевме да направиме, напротив, секогаш може повеќе, меѓутоа Ве уверувам дека нашите уставни и деловнички обврски ќе продолжат и понатака да бидат основната рамка  во која ќе се движи Собранието на Република Северна Македонија. 

 

Ви посакувам добро здравје, успех на личен и професионален план и нека ни е Среќна и бериќетна Новата 2022 Година!

И уште нешто сосема на крај, дозволете да ја искористам оваа прилика и да и го честитам роденденот на почитуваната Соња Николовска, која е долгогодишен известувач од Собранието и практично е дел од законодавниот дом, и да и посакам добро здравје, среќа и успех во извршувањето на должноста!

Click