Обраќање на претседателот Џафери на Изложбата на Вишеградск...

Четврток, 24 јуни 2021 година

Обраќање на претседателот Џафери на Изложбата на Вишеградската група В4 

Почитувани присутни,
Најпрво, дозволете ми да изразам задоволство за реализација на идејата за оваа денешна Изложба, чија организација и покрај актуелните вонредни услови, јасно ја потврдува поддршката на Чешка, Унгарија, Полска и Словачка за европската перспектива на Република Северна Македонија и на целиот регион. 
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на тема 22.6.21...

Вторниик, 22 Јуни 2021 година

Обраќање на претседателот Џафери на тема: „Соседите во Југоисточна Европа обединети: јакнење на механизмите за соработка за иднината на регионалната безбедност“

Дами и господа, 
Дозволете во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да изразам задоволство што денес сме собрани тука на овој значаен форум чија што цел е зајакнувањето на добрососедските односи помеѓу сите земји од Југоисточна Европа при што, взаемно, си помагаме овој регион да прерасне во регион на мир, сигурност, стабилност и соработка преку целосна интеграција во европските и евроатланските структури. 
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери - УЈИЕ...

Сабота, 12 јуни 2021, Тетово

Обраќање на претседателот Џафери на церемонијата за промоција на седумнаесеттата генерација апсолвенти на УЈИЕ

Денес е значаен ден за Универзитетот, за академскиот кадар и пред сѐ, за студентите на седумнаесеттата генерација на апсолвенти на Универзитетот на Југоисточна Европа и гордите родители и јас сум почестен што денес сум во можност  во мое лично име во својство на Претседател и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да ве поздравам и да ви честитам за постигнатиот успех, за заокружувањето на првиот циклус од вашето високо образование, со желби знаењето, сознанијата, навиките што ги стекнавте во овој сегмент од вашето патешествие да бидат темел, или сигурна, солидна и силна основа врз која ќе продолжите да се усовршувате, да се развивате и специјализирате во вашиот професионален живот и кариерен развој.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на примопредавањето на дон...

Среда, 9 јуни 2021

Обраќање на претседателот Џафери на примопредавањето на донација од Народна Република Кина 

Драго ми е што денес сум тука во Битола, заедно со Вас и почитуваниот амбасадор на Народна Република Кина, Неговата Екселенција Жанг Ѕуо, да на свечен начин го одбележиме примопредавањето на оваа значајна донација, односно овие 82 таблет уреди за Вас драги деца, ученици на Општинското Основно Училиште „Крсте Петков Мисирков“ и подрачните училишта во Битола. 
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на онлајн симулација...

Четврток, 27 мај 2021

Обраќање на претседателот Џафери на онлајн симулацијата на тема „Подготовка за идна криза: Развивање поефективен систем за управување со кризи“

Ми претставува задоволство што денеска сме собрани на овој начин и во овој број со цел да разговараме и разработиме тема која е од исклучително големо значење за функционирањето на една држава и нејзиниот систем, притоа, водени од искуствата кои ни ги донесе 2020-та и дел од 2021-ва година.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на 142. Собрание на ИПУ...

Среда, 26 мај 2021 година

Обраќање на претседателот Џафери на 142. Собрание на Интерпарламентарната унија на генералното собрание на тема: „Надминување на пандемијата денес и градење подобро утре: улогата на парламентите“ 

Тоа што сме дел од Интерпарламентарната Унија е голема можност за нас да ги артикулираме тука заедно со сите колеги тешкотиите, да ги споделиме искуствата, да извлечеме добри примери и да ги примениме кај нас дома. 

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на продолжувањето на Обука...

Четврток, 6 мај 2021 

Обраќање на претседателот Џафери на продолжувањето на Обуката за превод и толкување организирана од Агенцијата за примена на јазикот на РСМ

Имам чест и задоволство што денеска можам да ве поздравам во новите простории на Агенцијата за примена на јазикот на Република Северна Македонија, и тоа, на продолжувањето на следниот настан на оваа Агенција, која, ќе кажам со полна сигурност дека од мигот кога се официјализираше со закон нејзиното основање и почетокот со работа, го оправда своето постоење и продолжува и понатака, со енергија за восхит, да  ги спроведува потребните активности за почитување на законските одредби и уставните права и обврски на сите страни.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на 17. Конференција на пре...

Четврток, 15 април 2021 година, Љубљана

Обраќање на претседателот Џафери на 17. Конференција на претседатели на парламенти на Јадранско-јонската иницијатива на тема „Кон дигитално општество – можности и ризици за помладата генерација што влегува на пазарот на трудот“

Оваа година, како и минатата 2020 година, кога се навршија полни 20 години од оформувањето на оваа иницијатива, фокусот е насочен кон подобрување на развојот и зајакнувањето на безбедноста на земјите во регионот, продлабочувањето на соработката помеѓу земјите членки, каде што и Република Северна Македонија има свој удел, како земја која е во процес на интеграција во Европската Унија.
Прочитај повеќе

Честитка од претседателот Џафери за една година од нашето п...

Понеделник, 29 март 2021 година

Честитка од претседателот Џафери за една година од нашето полноправното членство во НАТО

Почитувани граѓани,
Дoзволете денес, кога одбележуваме една година од нашето полноправно членство во Северно - атлантската договорна организација - НАТО, да изразам искрени честитки до Вас, до институциите на Република Северна Македонија, до сите минати влади и политички чинители, и секако, до актуелните политички гарнитури, без оглед дали се од власта или опозицијата, бидејќи секој од нив, во својот домен, ја даде својата поддршка и имаше удел во статусот што го имаме и уживаме денес, односно 30-та земја членка на најмоќниот воено-политички сојуз, безбеден чадор и чувар на безбедноста на нашите граѓани и на територијалниот интегритет на Република Северна Македонија.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на онлајн работилницата на...

Петок, 5 март 2021

Обраќање на претседателот Џафери на онлајн работилницата на тема Детски Парламент

Верувам дека на сите вас ќе ви беше многу позабавно доколку бевме во можност да ве пречекаме и физички тука, во зградата на законодавниот дом, каде одблиску ќе можевте да видите и да се уверите и самите дека тоа што го гледате понекогаш на телевизија, всушност е вистинска реалност која се одвива толку блиску до вас, и е толку достапно до сите вас. 
Прочитај повеќе
12345      
Click