Соопштенија

Среда, 3 март 2021

Јавна расправа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието, на 5 март 2021 година (петок), во 12:30 часот, во Салата „Борис Трајковски“, во рамките на својата 4. седница, ќе одржи Јавна расправа на тема: Годишен извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2019 година.

Покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, на Јавната расправа поканети се сите пратеници на Собранието, министeрката за труд и социјална политика, претставници на координаторките за еднакви можности на министерствата и локалните комисии за еднакви можности, народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација, Државниот завод за статистика, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги, Агенцијата за млади и спорт, ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје, Заедница на единиците на локалната самоуправа на РСМ - ЗЕЛС, Канцеларијата на Националниот механизам на жртви на трговија со луѓе при МТСП, Институтот за родови студии, потоа претставници на меѓународните организации, УНДП, Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women), ОБСЕ, НДИ, ИРИ, ИОМ, претставници на НВО секторот од оваа област, експерти, како и претставници на Делегација на Европската Унија во Република Северна Македонија и на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

ПРОГРАМА:

13:00 - 13:15 часот - Поздравни обраќања

  • Гордана Сиљановска-Давкова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
  • Претставник на Министерството за труд и социјална политика 
  • Претставник на Канцеларијата на Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women)

13:15 – 14:00 часот - Излагања

  • Презентација на Евалуацијата на Стратегијата за родова еднаквост 2013 - 2020 година, Благица Петрески, ангажиран надворешен евалуатор во рамки на проект на МТСП со UN Women
14:00 – 15:30 часот -  Дискусија и заклучоци  
Click