Соопштенија

Четврток, 23 декември 2021

Јавна расправа на тема: Предлог- стратегија за родова еднаквост 2021 - 2026

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието, на 24 декември 2021 година (петок), во 13:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, на својата Шеста седница, ќе одржи Јавна расправа на тема: Предлог-стратегија за родова еднаквост 2021 - 2026.

ПРОГРАМА:

13:00 - 13:15 - Поздравни обраќања

  • Гордана Сиљановска–Давкова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
  • Јагода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика 
  • Ивона Паунович-Бишевац, Канцеларија на Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women)

13:15 - 13:45 - Излагање

  • Светлана Цветковска, Сектор за еднакви можности, Министерство за труд и социјална политика

13:45 - 15:00 -  Дискусија и заклучоци 

Click