Соопштенија

Среда, 3 февруари 2021

Јавна расправа по „Нацрт-концепцијата за основното образование“

Комисијата за образование, наука и спорт, на 5 февруари 2021 година (петок), во 12:00 часот, во Големата сала во Собранието, во рамките на својата 7. седница, ќе одржи Јавна расправа по „Нацрт-концепцијата за основното образование“.

На јавната расправа, покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, се поканети и претставници на Владата, Министерството за образование и наука и органите во неговиот состав, државни образовни институции, професори од педагошките факултети, директори и наставници од основни училишта, МАНУ и невладини организации чиј домен на интерес е образованието. Исто така, на седницата се поканети и претставници на меѓународни претставништва кои ги поддржуваат образовните реформи во земјава.

Click