Вторник, 15 декември 2020
Јавна расправа за Предлог-законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство
Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието, во рамките на Втората седница, денеска во 11:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, ќе одржи Јавна расправа на тема: Предлог-закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.
Јавната расправа се организира на иницијатива на Здружението за родова еднаквост ЕДНА МОЖЕ!
Покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, на Јавната расправа поканети се сите пратеници на Собранието. Поради состојбата со КОВИД-19, поканет е по еден претставник на Министeрството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за правда, Министерството за образование и наука, ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје и на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје, Интер – ресорска консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите, ЗЕЛС, Агенцијата за аудудио и аудиовизулени медиумски услуги, Агенцијата за заштита на личните податоци, Академијата за судови и јавни обвинители, претставници на Народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација, Институтот за родови студии, потоа на меѓународните организации, УНДП, Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (Un Women), ОБСЕ, НДИ, ИРИ, претставници на НВО секторот од оваа област, експерти, како и претставници на Делегација на Европската Унија во Република С. Македонија и на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.
ПРОГРАМА:
11:00 - 11:15 - Поздравни обраќања
- Гордана Сиљановска-Давкова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
- Министерката за труд и социјална политика
- Министерот за внатрешни работи
11:15 – 12:15 - Излагања
- Претставник на ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје
- Претставник на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје
- Претставник на Здружението за родова еднаквост ЕДНА МОЖЕ!
- Претстaвник на Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство
- Претставник на Центарот за истражување и креирање политики
12:15 – 13:30 - Дискусија и заклучоци