Соопштенија

Среда, 11 ноември 2020

Надзорна расправа за утврдување на причините и извршувањето на законите во постапката за доведување до стечај на Еуростандард банка

Комисијата за финансирање и буџет, на 5. Седница, на 13 ноември 2020 година (петок), во 13:00 часот, во Сала„ Борис Трајковски“, ќе одржи надзорна расправа на тема: „Утврдување на причините и извршувањето на законите во постапката за доведување до стечај на Еуростандард банка АД Скопје“.

На надзорната расправа се поканети да присуствуваат и претседателот на Собранието, координаторите на Пратеничките групи во Собранието, пратениците кои не се организирани во пратенички групи и други учесници и гости.

Комисијата за финансирање и буџет ќе покани сведоци од различни државни органи и институции да учествуваат на расправата и да дадат искази и одговори за прашањето што е предмет на надзорната расправа.

Click