Соопштенија

Недела, 26 септември 2021

Собраниска делегација на есенската сесија на ПССЕ

Бисера Костадиновска-Стојчевска и Арта Биљали-Зендели, членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија, ќе учестуваат на есенската сесија на Паралементарното собрание на Советот на Европа, што се одржува во Стразбур од 27 до 30 септември оваа година.

На сесијата, која се одржува во хибридна форма, физички ќе учествуваат повеќе од 260 пратеници од земјите-членки.

На овој дел од сесијата, се очекува да се обрати и заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, Никола Димитров. По неговото обраќање, Димитров ќе одговара и на прашања на пратениците.

Click