Соопштенија

Понеделник, 15 ноември 2021

Собраниска делегација на Рос-Рот семинар на ПС на НАТО

Од 15 до 17 ноември 2021 година во Белград, Република Србија ќе се одржи 101. Рос-Рот семинар на Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС на НАТО) на кој ќе учествуваат  пратениците: г-ѓа Арта Билали-Зендели, шеф на Делегацијата и г. Илија Николовски, член на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС на НАТО).

На овој семинар ќе се дебатира за Евроатлантска интеграција, Партнерство за мир и патот  кон надминувањње предизвици на Западен Балкан. Семинарот е поделен на шест сесии: во Првата сесија ќе се дебатира за Србија во евроатлантската заедница: последниот развој на настаните, во  Втората сесија ќе се дебатира за Стабилноста во Западен Балкан: билатерални и регионални прашања, во Третата сесија ќе се дебатира за Дезинформација, лажните вести и социеталната кохезија во Западен Балкан, во Четвртата сесија ќе се дебатира за Западен Балкан и флексибилноста: предизвиците од Ковид 19 и деградација на животната средина, во Петтата сесија ќе се дебатира за Западен Балкан:  економски социјални предизвици и решенија и на Шестата сесија ќе се дебатира за Сајберотпорност во Западен Балкан: најдобри практики.

 На учесниците на овој семинар со поздравни говори ќе им се обрати г. Драган Сормаз, шеф на српската делегација во ПС на НАТО, г. Ивица Дачиќ, Претседател на Парламентот на Република Србија, г. Урс Шмид, амбасадор на Швајцарија во Р. Србија и г. Александар Вучиќ, претседател ан Република Србија. Исто така, на учесниците со своите прилози ќе им се обраќаат и г. Атила Местерхази, потпретседател на НАТО, г. Небојша Стефановиќ, министер за одбрана на Р. Србија, г-ѓа Мими Кодели, потпретседател на НАТО, г. Никола Сељаковиќ, министер за надворешни работи на Р. Србија, г. Јосип Бркиќ, заменик министер за надворешни работи на БиХ и др. Експерти. 

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.