Понеделник, 20 јануари 2020, Загреб

УЧЕСТВО НА ПРАТЕНИКОТ ЕЈУП АЛИМИ ВО РАСПРАВА ЗА ПРИОРИТЕТИТЕ НА ХРВАТСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО ЕУ

Во рамките на учеството на дводневната Конференција на Комисиите за европски прашања на земјите ЕУ членки - КОСАК, што се одржува во Загреб, денеска свое обраќање имаше координаторот на ДУИ и шеф на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија, Ејуп Алими.

повеќе...

 

Среда, 22 јануари 2020 година

ПЕДЕСЕТ И СЕДМА СЕДНИЦА НА КОМИСИЈАТА ЗА ТРАНСПОРТ, ВРСКИ И ЕКОЛОГИЈА

Комисијата за транспорт, врски и екологија на 57.Седница, одржана на 20 јануари 2020 година, како матично работно тело, по скратена постапка ги разгледа:

повеќе...

 

Вторник, 21 јануари 2020 година

ТРИЕСЕТТА СЕДНИЦА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на вчерашната 30.Седница, како матично работно тело, во скратена постапка, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, поднесен од пратениците: Мира Стојчевска, Кети Смилеска, Татјана Прентовиќ, Реџаиљ Исмаили и Мирослав Јовановиќ.

повеќе...

 

Среда, 22 јануари 2020

ЈАВНА РАСПРАВА НА ТЕМА: ПРОБЛЕМИТЕ НА ПОВРАТНИЦИТЕ ОД ЗЕМЈИТЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА СОГЛАСНО РЕАДМИСИОНИТЕ ДОГОВОРИ

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободата и правата на граѓанинот, на 24 јануари 2020 година (петок), во 11:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“ ќе одржи Јавна расправа на тема: Проблемите на повратниците од земјите на Европската Унија согласно реадмисионите договори.

повеќе...

 

Петок, 17 јануари 2020 година

ПРАТЕНИКОТ ЕЈУП АЛИМИ НА КОСАК ВО ЗАГРЕБ

Во рамките на Хрватското претседавање со Советот на Европската Унија, членот на  Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија, Ејуп Алими, на 19 и 20 јануари 2020 година, ќе учествува на Конференција на Комисиите за европски прашања на земјите ЕУ членки - КОСАК, што ќе се одржи во Загреб, Република Хрватска.

повеќе...

 

Четврток, 16 јануари 2020

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОСАП ВО ТИРАНА

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, во состав Шпреса Хадри и Славица Шуманска-Митева, членки на Комисијата за европски прашања, денес и утре ќе учествува на Конференција на парламентарните комисии за европски интеграции/прашања на државите опфатени во Процесот за стабилизација и асоцијација.

повеќе...

 

Понеделник, 20 јануари 2020

СРЕДБА НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ РАМЧИЛОВИЌ СО БОСАНСКИОТ АМБАСАДОР ЈАЌИМОВИЌ

Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Зеќир Рамчиловиќ, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Босна и Херцеговина, Н.Е. Драган Јаќимовиќ.

повеќе...

 

Петок, 17 јануари 2020

СРЕДБА НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ РАМЧИЛОВИЌ СО ДИРЕКТОРOТ НА ТИКА, АЈТЕКИН АЈДЕН

Потпретседателот на Собранието, Зеќир Рамчиловиќ, вчера оствари средба со директорoт на Турската агенција за соработка и координација во Македонија ТИКА, Ајтекин Ајден.

повеќе...

 

Четврток, 5 декември 2019 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ ЛОКВЕНЕЦ СО СТУДЕНТИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ “АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ”

Пратеникот Хари Локвенец, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија, денеска оствари средба со студенти од факултетите за правни и политички науки при Универзитетот “Американ колеџ Скопје”, кои беа во еднодневна посета на Собранието. 

повеќе...

 

Понеделник, 6 јануари 2020

РИЕКА И ГОЛВЕЈ - ЕВРОПСКИ ПРЕСТОЛНИНИ НА КУЛТУРАТА

Хрватскиот град Риека и ирскиот Голвеј се избрани за европски градови на културата за 2020 година.

повеќе...

 

Понеделник, 6 јануари 2020

ХРВАТСКА – НОВ ПРЕТСЕДАВАЧ СО СОВЕТОТ НА ЕУ

Од почетокот на 2020 година, Хрватска го презеде претседавањето со Советот на Европската Унија.

Под мотото „Силна Европа во светот на предизвиците“, Хрватска одвои четири приоритети за време на претседателството, и тоа: Европа која се развива, Европа која поврзува, Европа која штити и Европа која е влијателна.

повеќе...

 

Четврток, 28 ноември 2019

ЕВРОПСКАТА НАГРАДА „ЛУКС“ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ „ГОСПОД ПОСТОИ, НЕЈЗИНОТО ИМЕ Е ПЕТРУНИЈА“

Македонскиот филм „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ на Теона Стругар-Митевска, ја освои 13. филмска награда „Лукс“ на Европскиот парламент. Наградата ја додели претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, за време на вчерашната свечена церемонија во европскиот законодавен дом во Стразбур.

повеќе...