Постапка за акредитирање на претставници на медиумите
Средствата за јавно информирање во Собранието акредитираат свои претставници за следење на активностите на Собранието.
Одделението за односи со јавноста и за изготвување на статистички материјали на почетокот на секоја календарска година ги известува редакциите на домашните медиуми за обнова и продолжување на акредитациите на своите известувачи кои важат од 1 февруари тековната до 1 февруари идната година.
За странските медиуми, постапката за акредитирање за следење на активностите во Собранието, е преку Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
Секој медиум на меморандум доставува список со претставници потпишан од главниот и одговорен уредник, кој одговара за веродостојноста на податоците на претставниците на тоа средство за информирање.
Списокот за акредитирани претставници содржи податоци од лична карта: име и презиме, број на лична карта и адреса. Воедно, доколку има промени во списокот во кој било период од тековната година, редакциите се должни навремено (неколку дена пред настанот на кој сакаат да присуствуваат), да ги достават во Одделението за односи со јавноста и за изготвување на статистички материјали.