Hidden render



Понеделник, 24 февруари 2014 година

Осумдесет и втора седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 82. седница, одржана на 21 февруари 2014 година, како матично работно тело, по скратена постапка ги разгледа:

1. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на природата;

2. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за животната средина;

3. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за поштенските услуги;

4. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем;

5. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство;

6. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање;

7. Предлог-закон за изменување на Законот за јавните патишта;

8. Предлог-закон за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија;

9. Предлог-закон за дополнување на Законот за комуналните дејности;

10. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за градење;

11. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за домување;

12. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај;

13. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба;

14. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за железничкиот систем.

На седницата на Комисијата, во својство на претставници на Владата на Република Македонија присуствуваа, г. Стево Темелковски, заменик-министер за животна средина и просторно планирање и г. Џелал Бајрами заменик-министер за транспорт и врски.

По Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина, Комисијата поднесе два амандмана и со мнозинство гласови ги усвои истите, додека по Предлогот на  законот за изменување и дополнување на Законот за градење беа поднесени вкупно 3 амандмани од овластените предлагачи кои комисијата не ги усвои.

По Предлогот  на  законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај беа поднесени вкупно 7 амандмани, од кои 4 не беа усвоени додека 3 беа повлечени од овластените предлагачи. Комисијата по Предлог- законот поднесе 2 амандмана и истите ги усвои.

Во однос на останатите Предлог-закони претседателот на Комисијата, г. Реџаиљ Исмаили, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по истите.

 На крајот од расправата, Комисијата, предлог-законите ги проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

Click