Понеделник, 24 февруари 2014 година
Четириесет и деветта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 49. седница, одржана денеска, како матично работно тело, во скратена постапка, ги разгледа:
- Предлог-закон за изменување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија;
- Предлог-закон за изменување на Законот за шумарска и ловна инспекција;
- Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за шумите;
- Предлог-закон за дополнување на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој;
- Предлог-закон за дополнување на Законот за основање на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството;
- Предлог-закон за дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство;
- Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за здравјето на растенијата;
- Предлог-закон за дополнување на Законот за безбедност на храната.
На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше, г. Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Претставникот на Владата на Република Македонија, г. Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја нагласи потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.
Претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлог на законите.
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, без дискусија ги проследи горенаведените Предлог-закони на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.