Понеделник, 24 февруари 2014 година, Тирана
Конференција на тема „Зајакнување на регионалната соработка за поскоро членство во НАТО''
Пратеникот Хајрула Мисини, член на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија, во рамките на албанското претседателство со Јадранската повелба учествува на Конференција на тема „Зајакнување на регионалната соработка за поскоро членство во НАТО'', која што од 23 до 24 февруари се одржува во Тирана, Албанија.
На конференцијата свое обраќање имаа претседателот на албанскиот парламент, г. Илир Мета, министерот за надворешни работи Дитмир Бушати, министерот за одбрана, госпоѓа Мими Кодели, како и американскиот амбасадор во Албанија Александер Арвизу. Пратеникот Мисини во својот говор меѓу другото истакна дека Република Македонија е цврст промотор на регионалната соработка како основа за зајакнување на безбедноста и стабилноста, како и на размената на искуства на патот кон евроатлантско интегрирање на земјите од регионот.
Јадранската повелба се докажа како успешен модел за партнерство и соработка и претставува процес кој ги поддржува и забрзува внатрешните реформи на земјите, интензивирајќи ја и регионалната соработка.
Исто така, Мисини изрази надеж дека следниот НАТО самит ќе ни овозможи да бидеме сведоци на политиката на отворена врата на НАТО за земјите аспиранти за членство.