Четврток, 23 април, Стразбур
Европратениците за свет без нуклеарно оружје

Се поголемата застапеност на оружјето за масовно уништување претставува една од најсериозните закани за меѓународната стабилност и сигурност, сметаат пратениците од Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент.
Нивната загриженост е поголема поради решеноста на Северна Кореја за правење нуклеарни експерименти, намерата на Иран за развивање на подобра програма за збогатување со уран, како и плановите на низа држави, посебно од Блискиот Исток, за развивање на програми за нуклеарна енергија за граѓански цели.
Во исто време, како позитивни сигнали се сметаат иницијативите на француската и британската влада за намалување на нуклеарните арсенали, како и децидноста на американскиот претседател Барак Обама дека Соединетите Американски Држави ќе се залагаат за свет без нуклеарно оружје.