ЕУ вести



Среда, 29 април 2009 година

Олеснето лекување во странство за земјите членки на ЕУ

Европратениците го прифатија Предлогот за мобилноста на пациентите, со кој на пациентите од земјите членки на Европската унија ќе им биде олеснето да се лекуваат надвор од границите на својата земја. Целта на овој Предлог е сите да имаат еднаков пристап до здравството, правото на лекување да се базира на потребите на пациентите, а не на техничките средства.

Според новиот закон, трошоците за лекување на пациентите треба да бидат поставени на нивото на нивната земја, а земјите членки на ЕУ, од своја страна, ќе можат да покријат други трошоци поврзани со лекувањето, како на пример терапевтски услуги и патни трошоци. 

Пациентите кои страдаат од ретки заболувања треба да имаат право на покривање на трошоците за лекување, дури и во случај нивното лекување да не е осигурано во нивната земја, а за тоа нема да мораат да добијат посебно одобрение. Оваа категорија пациенти треба да има право на покривање на специјални трошоци при определени услови.

Европскиот парламент го прифати и Предлогот за безопасноста на пациентите, вклучително и превенцијата и контролата на инфекциите, поврзани со здравствената нега. Секоја година инфекциите предизвикуваат смрт на околу 37.000 лица, па токму затоа европратениците се залагаат до 2020 година да има намалување до 20% на инфекциите.

Click