ЕУ вести



Среда, 29 април 2009 година, Стразбур

Усвоен Извештај со препораки до Македонија

Луи Марија де Пуч, како претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на пленарната седница изрази задоволство од начинот на кој беа спроведени претседателските избори во Македонија.

 „Сакам да и честитам на Македонија за начинот на кој беа организирани изборите и и посакувам да продолжи со усовршувањето на демократијата“, изјави Де Пуч.

Францускиот сенатор Жан Клод Фрекон во името на целата делегација на Франција изрази силна поддршка на Македонија,истакнувајќи дека одржувањето демократски избори е одлична вест.

„Македонија ни испрати порака дека сака да се интегрира во европското семејство“, изјави Фрекон.На дебатата пратеникот  Андреј Жерновски, заменик  член на Делегацијата  на Парламентарното  Собрание на Република Македонија во Советот на Европа, нагласи  дека неодамнешните претседателски и локални избори „го покажале степенот на демократска зрелост на македонското општество и способноста да организира демократски избори, благодарејќи на своите институции“.

Жерновски истакна дека треба да се затвори процесот на постмониторинг дијалог со Република Македонија, што значи дека земјата ги исполнила критериумите од Копенхаген.

 

Click