Четврток, 1 април 2010 година, 11,00 часот, Сала на Влада
ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА
Предлог на дневен ред:
1. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура (прво читање);
2. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за семејството (прво читање);
3. Предлог на закон за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (прво читање);

4. Предлог на закон за Академија за судии и јавни обвинители (прво читање);
5. Предлог на закон за изменување на Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност (прво читање);
6. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за учебници за основно и средно образование (прво читање);
7. Предлог на Закон за изменување на Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците (второ читање);
8. Предлог на закон за дополнување на Законот за работните односи, по скратена постапка (второ читање);

9. Предлог на закон за дополнување на Законот за здравјето на растенијата (второ читање).
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:
1. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за спречување на перење на пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам (второ читање);

2. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за хартии од вредност (второ читање);

3. Предлог на закон за државната ревизија (второ читање);
4. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите (второ читање);
5. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција (второ читање);
6. Предлог на закон за основање на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (второ читање);
7. Барање за давање автентично толкување на член 21 став 4 од Законот за даноци од имот, поднесено од градоначалникот на Општина Чашка Горанчо Пановски;
8. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за домување (второ читање);

9. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство (прво читање).