Вторник, 20 април 2010 годинаПленарна сесија на Европскиот парламент
Пленарната седница на Европскиот парламент денеска започна со модифицирана дневна агенда поради неодамна настанатите проблеми со авиосообраќајот. Повеќето од дебатите ќе се одржат како што беше планирано, но гласањето е одложено за следната пленарна сесија на 5 и 6 мај.
Парламентот ќе расправа за актуелната состојба во воздушниот сообраќај како резултат на активирањето на вулканот во Исланд.
Претседателот на Европарламентот, г. Јержи Бузек, на отворањето на седницата изјави дека ќе бидат направени измени во предложениот дневен ред поради тоа што многу европратеници се оневозможени физички да присуствуваат.
Пленарната сесија ќе заврши порано од планираното, најдоцна до среда вечер.