Најави



Четврток, 23 април 2009 година, 11,00 часот, Сала 4

 

ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА

 

Предлог на дневен ред:

 

1.Предлог на закон за ратификација на Договорот на Република Македонија и Република Естонија за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискалната евазија по однос на даноците на доход;

2.Предлог на закон за ратификација на Конвенцијата за заштита на човековите права и достоинство на човечкото суштество во однос на примената на биологијата и медицината, со Дополнетиот протокол за забрана на клонирање на човечки суштества и Дополнителниот пртокол за трансплатација на органи и ткива од човечко потекло;

3.Предлог на закон за изменување на Законот за Царинската управа (Прво читање);

4.Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита (Прво читање);

5.Предлог на закон за посебните права на учесниците во мировните операции и операциите за колективна одбрана надвор од територијата на Република Македонија и членовите на нивните семејства (Прво читање);

6.Предлог на закон за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права(Прво читање);

7.Предлог на закон за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права (Прво читање);

8.Предлог на законот за дополнување на Законот за прекршоците (Прво читање);

9.Предлог на законот за дополнување на Законот за кривичната постапка (Прво читање);

10.Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (Прво читање);

11.Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за опредлување дополнителен услов за вршење јавна функција по скратена постапка;

12.Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (Второ читање);

13.Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување (Второ читање)

Предлогот на дневниот ред  се дополнува со:

1.Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота (Прво читање);

2.Предлог закон за шумите (Второ читање);

3.Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за концесии и други  видови на јавно приватно партнерство (Второ читање) и

4.Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција (Второ читање);

5. Статут на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (II фаза).

Click