Петок, 20 април 2012 година, Варшава, Полска

Претседателот Вељаноски на Конференција на претседатели на парламенти од земјите на ЕУ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, во рамките на Конференцијата на претседатели на парламенти од земјите на Европската унија, која денес и утре се одржува во Варшава, Република Полска, зема учество во првата сесија - „Кризата на Европското единство, што да сториме?“, во која воведно обраќање имаше претседателот на Владата на Република Полска, г. Доналд Таск и претседателот на Собранието на Португалија, г-ѓа Марија да Асунчао Естевес. Големиот интерес на учесниците во првата сесија од дводневната конференција резултираше со над 20-тина обраќања на претседателите на парламенти на европските држави.



Четврток, 19 април 2012 година

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Република Албанија, г. Бамир Топи

Билатералните односи помеѓу Република Македонија и Република Албанија континуирано бележат нагорен тренд, што е во интерес како на двете држави и на нивните граѓани, така и на регионот во целост, истакна на почетокот на средбата претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски



Вторник, 17 април 2012 година

Средба на Претседателот Вељаноски со г. Петр Нечас, претседател на Владата на Чешката Република

На средбата двајцата соговорници ги истакнаа високо развиените пријателски билатерални односи кои ги опфаќаат сите сфери. Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, посебно ја истакна принципиелната политика на Чешката Република во однос на Република Македонија и нејзиното евроатлантско интегрирање



Среда, 4 април 2012 година

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Собранието на Република Албанија, г-ѓа Јозефина Чоба Топали

„Високо развиени добрососедски односи се еден од приоритетите на нашата надворешна политика, а во тие рамки ја гледам и денешната наша средба и разговори“, истакна на почетокот од средбата претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски



Петок, 6 април 2012 година

Средба на претседателот Вељаноски со американски конгресмени

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска ја прими делегацијата на Конгресот на Соединетите Американски Држави, во која се конгресмените: Дејвид Драјер, Дејвид Прајс, Џим Мек Дермот, Ерик Паулсен и Гери Коноли

Click