Среда, 10 април 2013 година, 11,00 часот, Сала 1
ПЕДЕСЕТ И ОСМА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Дневен ред:
1. Верификација на мандат на пратеник во Собранието на Република Македонија;
2. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Северно-атлантската договорна организација;
3. Предлог за избор на еден член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија;
4. Предлог на одлука за именување член на Државната комисија за спречување на корупцијата;
5. Предлог на закон за ратификација на Конвенцијата за трудова администрација, 1978 (бр. 150);
6. Предлог на закон за ратификација на Конвенцијата за колективно договарање, 1981 (бр. 154);
7. Предлог на закон за ратификација на Конвенцијата за работни односи во јавните служби, 1978 (бр. 151);
8. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија за гробовите на воените жртви;
9. Предлог на закон за изменување на Законот за санација и реконструирање на дел од банките во Република Македонија (второ читање);
10. Предлог на закон за дополнување на Законот за денационализација (второ читање);
11. Предлог на закон за регулирање на дел од долгот кон Обединетата банка на Швајцарија (второ читање);
12. Предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик (второ читање);
13. Предлог на закон за катастар на недвижности (второ читање);
14. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пожарникарството (второ читање);
15. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање (второ читање);
16. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за домување (второ читање);

17. Предлог на закон за преземање на акционерските друштва (прво читање);
18. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за царински мерки за заштита на права од интелектуална сопственост (прво читање);
19. Предлог на закон за воведување на систем за управување со квалитет и заедничка рамка за проценка на работењето и давањето услуги во државната служба (прво читање);
20. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието (прво читање);
21. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за ѓубриња (прво читање);
22. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за производи за заштита на растенијата (прво читање);
23. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (прво читање);
24. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравјето на растенијата (прво читање);
25. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за ловството (прво читање);
26. Предлог на закон за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој (прво читање);
27. Предлог на закон за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија (прво читање);
28. Предлог на одлука за одобрување на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2013 година;
29. Предлог на одлука за давање согласност на Предлог-годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2013 година;
30. Предлог на одлука за давање согласност на Предлог-годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2013 година;
31. Предлог на одлука за користење на средства од концесискиот надоместок за користење на аеродромите во Република Македонија за 2012 година;
32. Барање за давање автентично толкување на член 109 став 2 од Законот за авторското право и сродните права, поднесено од Владата на Република Македонија;
33. Барање за давање автентично толкување на членот 247 став 1 алинеја 1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, поднесено од пратеникот Миле Пачемски.