Најави

Вторник, 24 април 2012 година, 10,00 часот, Сала 3

КОМИСИЈА ЗА ТРАНСПОРТ, ВРСКИ И ЕКОЛОГИЈА
 
Предлог на дневен ред:

1. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште (второ читање); 
 
2. Годишен извештај за финансиското работење на ЈП Македонска радио телевизија во 2011 година, заедно со финансиските извештаи за годината завршена на 31 декември 2011, со Извештај на независниот ревизор; 
 
3. Годишен финансиски план на ЈП МРТ за 2012 година; 
 
4. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на ЈП МРТ за редовни и инвестициони активности на радио програмите наменети за соседните земји и Европа на странски јазици за 2012 година; 
 
5. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на ЈП МРТ за редовни и инвестициони активности на радио програмите наменети за информирање на иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во соседните земји, во Европа и на другите континенти на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2012 година; 
 
6. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на ЈП МРТ за редовни и инвестициони активности на радио програмски сервис преку сателит наменет за иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во Европа и на другите континенти на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2012 година; 
 
7. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на ЈП МРТ за редовни и инвестициони активности на телевизиски програмски сервис преку сателит наменет за иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во Европа и на другите континенти на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2012 година; 
 
8. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на ЈП МРТ за редовни и инвестициони активности за Собранискиот канал за 2012 година.
 
 

 

 

 
Click