Среда, 25 април 2012 година, 10,00 часот, Сала на Влада
КОМИСИЈА ЗА ТРАНСПОРТ, ВРСКИ И ЕКОЛОГИЈА
(прво продолжение) (започната на 24.4.2012 год.)
Дневен ред:
1. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште (второ читање);
2. Годишен извештај за финансиското работење на ЈП Македонска радио телевизија во 2011 година, заедно со финансиските извештаи за годината завршена на 31 декември 2011, со Извештај на независниот ревизор;
3. Годишен финансиски план на ЈП МРТ за 2012 година;
4. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на ЈП МРТ за редовни и инвестициони активности на радио програмите наменети за соседните земји и Европа на странски јазици за 2012 година;
5. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на ЈП МРТ за редовни и инвестициони активности на радио програмите наменети за информирање на иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во соседните земји, во Европа и на другите континенти на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2012 година;
6. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на ЈП МРТ за редовни и инвестициони активности на радио програмски сервис преку сателит наменет за иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во Европа и на другите континенти на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2012 година;
7. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на ЈП МРТ за редовни и инвестициони активности на телевизиски програмски сервис преку сателит наменет за иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во Европа и на другите континенти на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2012 година;
8. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на ЈП МРТ за редовни и инвестициони активности за Собранискиот канал за 2012 година.