Петок, 27 април 2012 година, 10,00 часот, Сала „Борис Трајковски“
КОМИСИЈАТА ЗА ТРАНСПОРТ, ВРСКИ И ЕКОЛОГИЈА
Предлог на дневен ред:
1. Предлог на одлука за давање на согласност на Годишниот финансиски извештај на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2011 година;
2. Предлог на одлука за давање согласност на Извештајот за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2011 година;
3. Годишен извештај за работа на Советот за радиодифузија на Република Македонија за периодот од 01.01.2011 до 31.12.2011 година;
4. Годишен финансиски план на Советот за радиодифузија на Република Македонија за 2012 година;
5. Годишен извештај за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2011 година;
6. Годишен финансиски извештај со завршна сметка на Агенцијата за цивилно воздухопловство за период од 1.1.2011 до 31.12.2011 година;
7. Годишен извештај за реализација на програмата за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија за 2011 година;
8. Годишен извештај за работата на Агенцијата за пошти за 2011 година.